ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За целосен поврат на ДДВ, сметките ќе треба да се скенираат во рок од 3 дена по нивното издавање

October 9, 2020 18:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица денеска е усвоен на седница на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа се овозможува практичната имплементација на мерката „Викенд без ДДВ“, која ќе се спроведе во претстојниот продолжен викенд, односно во деновите 10, 11 и 12 октомври, соопшти вршителот на должност директор на Управата за јавни приходи, Фарук Омери.

Викенд без ДДВ е меѓу првите мерки од 4–тиот пакет мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од пандемијата  предизвикана од вирусот КОВИД-19. Како и во претходниот период, Управата за јавни приходи продолжува со активно учество во реализација на сетот мерки на Владата на Република Северна Македонија, а се со цел поддршка на домашната економија. Мерката „Мој ДДВ“ која ние како Управа за јавни приходи во целост ја реализиравме минатата година и која постојано и успешно ја надградуваме, ја прилагодивме и за реализација на мерката „Викенд без ДДВ“. Започнавме скромно, но од ден на ден бројот на регистрирани обврзници кои ја користат апликацијата растеше, за да денес истата ја користат 350.000 илјади граѓани, посочи Омери.

ВД директорот на УЈП нагласи дека сите граѓани кои се корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври, и пријавени во УЈП со скенирање преку апликацијата „Мој ДДВ“, за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема, ќе им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки. Ако досега се враќаше 20% од пресметаниот ДДВ за македонски производи, овој продолжен викенд се враќа целосниот износ на пресметаниот ДДВ.

Значајно е дека, за враќање на целиот износ на данокот граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се враќа 20% од искажаното ДДВ во фискалната сметка. Важно да се напомене и дека, вкупниот промет од македонски производи, услуги и комјутерска опрема за кои ќе се враќа целосен износ на ДДВ е 30 илјади денари по лице, а за надминатиот износ на вкупнио промет ќе се пресметува според редовната пресметка односно 20%, објасни директорот Омери.

Република Северна Македонија располага со голем асортиман на домашни производи почнувајќи од прехранбените продукти, текстил, облека, градежни материјали, мебел и друго, што значи дека е широка лепезата на нашите домашни македонски производи и граѓаните може  овој викенд да ги направат потребните набавки. Исто така, акцент е ставен и на компјутерската опрема со тоа што во овој период, односно од 10-12 октомври, истата независно од потеклото, во фискалните сметки ќе се регистрира како промет од македонски производи, се со цел граѓаните да ги искористат придобивките од купување на компјутерската опрема, имајќи во предвид колку е таа сега во овој период неопходна, истакна Омери.

Враќањето на данокот на додадена вредност кај граѓаните што го оствариле за време на викендот без ДДВ ќе се реализира во рок од 15 дена од денот на издадената фискална сметка, односно најдоцна до крајот на месец октомври. Основната цел на „Викенд без ДДВ“ е повеќе пари кај граѓаните,  особено во овој период од годината кога трошоците во домаќинствата  се зголемени, при што граѓаните ќе може да купуваат домашни производи и компјутерска опрема, преку што ќе се поттикне потрошувачката, а истовремено  ќе се поддржи и  домашната економија. Но, на подолг рок мерката „Мој ДДВ“ значи борба со сивата економија, што значи дека  секој граѓанин е инспектор на терен,  со тоа што тој бара да му се издаде валидна фискална сметка,  а доколку не му се издаде валидна фискална  сметка може да пријави во Управата за јавни приходи, каде што нашите инспектори излегуваат на терен и неиздавањето на фискални сметки го санкционираат, нагласи ВД директорот на УЈП Фарук Омери, на прес-конференцијата на која беа презентирани деталите за мерката „Викенд без ДДВ“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сѐ повеќе земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици при патување во САД

July 5, 2025

Гувернерот на Банката на Франција со капче „Да ја направиме Европа повторно голема“

July 5, 2025
Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk