ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт

October 13, 2025 09:59
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава ќе ја претставува современата македонска книжевност на 76. Саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржува од 15 до 19 октомври. МАИ информира дека креативниот концепт на ова, петто претставување на македонската книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото, се потпира на мотото „Читај во 7/8. Приказни со единствен ритам.“

-Со специјално изработен штанд за оваа намена, на простор од 32 квадратни метри, нашата земја и оваа година ќе се претстави во меѓународната четврта хала. Македонската асоцијација на издавачи во периодот од завршувањето на нашиот Саем на книгата досега работеше паралелно на неколку проекти. На саемот ќе се претстават околу 70 автори кои се застапени во двата каталога – каталогот на книжевност за возрасни и каталогот на книжевност за деца, како и, првпат, 20-ина илустратори, кои исто така се застапени во каталогот за деца. На штандот ќе бидат изложени голем дел од застапените дела во каталогот, како и делата на англиски јазик што беа преведени за ланското претставување на овој саем, соопшти МАИ.

Врз основа на искуството од минатите години, а со цел поголема достапност на подготвените промотивни содржини за нашите автори и илустратори, оваа година МАИ изработи и нова веб-страница.

-На веб-страницата модерно и прегледно електронски се претставени авторите и нивните најзначајни и најнови дела, награди и меѓународни успеси, потоа илустраторите со нивни репрезентативни илустрации, а имаме и регистар на издавачите членки на МАИ. Со ова, поставуваме основи на една значајна база на податоци за нашата книжевност, која ќе ја надградуваме секоја година – нешто што е неопходно да го имаме во денешната дигитална ера, изјави Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи.

Современата македонска книжевност на саемот ќе ја промовира седумчлена делегација на МАИ. На најголемиот и најпрестижен книжевен саем, посочува МАИ, нашите издавачи  ќе ја промовираат современата македонска книжевност преку бројни деловни средби, а на два настана ќе учествува писателката за деца Билјана С. Црвенковска.

-Традиционално, на 15 октомври – првиот, најпосетениот и највозбудливиот саемски ден, под покровителство на винарницата „Камник“, МАИ ќе организира коктел-забава за вмрежување со досегашните и идните соработници, соопшти Асоцијацијата.

Саемот на книгата во Франкфурт е најголема и најпосетена манифестација од овој тип во светот. Почесна земја гостин на годинашното, 76-то издание, е Филипини. На саемот ќе се одржат околу 4000 настани (промоции и панел-дискусии), ќе присуствуваат 10 000 новинари и 7500 претставници на делегации на изложувачите од над сто земји, а бројот на очекувани посетители е над 230 илјади.

Tags: Саем на книгата во Франкфурт
Next Post

Политичка неизвесност пред локалните избори – Дали Македонија оди кон нови предвремени парламентарни избори?

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk