ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Захариева: Не сакаме ништо повеќе од исполнување на клаузулите во Договорот за добрососедство

October 9, 2020 16:02
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија на времето прва ја призна независноста на Република Македонија и одамна ги препозна модерните политички реалности. Таа секогаш ги поддржувала независноста и државниот суверенитет на Република Северна Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не им го ускратувала правото на самоидентификација на нејзините  граѓани, изјави денеска во Софија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

„Затоа е несоодветно да се предлагаат работи во спротивна насока, како меѓу граѓаните на нашите две земји, така и на меѓународно ниво. Како што Бугарија ги призна современите политички реалности, сега е потребно Република Северна Македонија да ги приознае историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет“, додаде Захариева.

Бугарија, според Захариева, не сака ништо повеќе од исполнување на клаузулите во Договорот за добрососедство, како што е јазичната клаузула.

„Јазичната клаузула во нашиот договор, ние сакаме да се рефлектира во сите документи меѓу двете страни. Немаме нови барања. Апелирам и се надевам дека проблемите нема да се создаваат онаму каде ги нема“, рече Захариева.

Шефот на македонската дипломатија Османи на заедничката прес-конференција со Захариева изјави дека следните месеци, имаме задача и посветеност да продолжиме заедно да ја градиме европската иднина на нашиот регион.

„Имаме обврска да го искористиме германското претседателство за проширување на ЕУ. За да се постигне оваа цел, подготвени сме да работиме заедно со Република Бугарија и да очекуваме поддршка од Република Бугарија“, рече Османи.

Со Захариева, нагласи, разговарале отворено за сите прашања за интензицирање на соработката и контактите, вклучувајќи ја и работата на Заедничката комисија за историски прашања чија улога во никој случај не е лесна, но е од суштинско значење и станала лакмусов тест за европската ера на односите меѓу нашите две земји.

Според Захариева, до ноември има уште време Комисијата да испорача резултати.

„Во моментов екипите и во ЕК и од сите држави работат на заклучоците и тоа што и јас и Османи го кажавме е многу слично, а тоа е да  го надминеме тоа што беше запрено и да постигнеме напредок кој е возможен само  ако имаме искрен пристап во нашите односи“, вели Захариева.

На новинарско прашање Османи посочи дека додека не постоеше Договорот за добрососедство немавме пробив ниту во надминување на разликите по однос на историските прашања, ниту некој посуштествен пробив во политичката и економската сфера во односите меѓу државите. Договорот за добрососедство, како што кажа, беше таа пресвртна точка која што имаше и дополнително значење бидејќи беше постигнат на билатерална основа без меѓународно посредување и врз основа на добрата волја, на довербата и желбата на двете држави дека треба да работиме заедно, дека сме пријатели и дека треба да гледаме кон иднината заедно.

„Мислам дека овие први три години од договорот веќе ги дадоа првите резултати и во делот на рассветлување на одредени историски разлики и во импулсот што го има во трговската размена и политичките односи. И тоа е амбиентот за договорот што ние политичарите треба да го создадеме.Можеби постои одреден латентен отпор кој е рецидив на едно време кога посебноста се градеше на некој антисентимент. Но, ние мора да ставиме крај на тие односи. Имаме договор, имаме волја за пријателство меѓу двете држави за меѓусебна поддршка. Бугарија има дадено поддршка за евроатлантската интеграција за Република Северна Македонија. Ние имаме обврска да дадеме резултати и да ги расветлиме сите дилеми кои, како што реков, иако сега го гледаме тоа како хендикеп за брзо ќе видиме дека тоа е додадена вредност во нашите односи“, рече Османи.

Запрашан во однос на динамиката на работа на Заедничката комисија за историски прашања, Османи посочи дека од формирањето до денес Комисијата има одржано девет средби и постигнале консензус за пет прашања, во однос на две историски епохи и пет историски личности. Тој очекува Комисијата да ја интензивира работата,како што вели, со цел да ја гледаат добивката од разрешување на различните интерпретации и на промовирање на тоа што досега е договорено.

„Динамика е наметната. Дали е таа согласно очекувањата, дали е очекувањето повеќе историски периоди да се решат за еден месец, дали тие решенија се одржливи, дали е поважна одржливоста или решенија кои ќе ги рефлектираат политичките циклуси. Тоа е прашањето кое што треба ние политичарите да го одговориме. Имаше објективни причини заради кои имаше објективно забавување на работата и поради пандемијата и поради изборите. Сега е време да се интензивира работата. Задоволен сум што тие утврдија и термин и дневен ред за наредната средба на 15 и 16,  следната недела, и очекуваме дека тие ќе произведат сериозни резултати кои ќе бидат додадена вредност во нашите односи“, рече Османи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk