ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Двајца пратеници позитивни на Ковид-19, се уште не знае колкумина ќе одат во самоизолација поради контакт со нив

October 11, 2020 17:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Двајца пратеници од Собранието на Република Северна Македонија во изминатите два дена се изјаснија дека се позитивни на Ковид-19, а се уште нема информација колкумина нивни колеги и вработени во службите поради контакт со нив ќе мора да одат во самоизолација или да направат тестови доколку имаат симптоми на болеста. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на денов ќе се знае колкумина пратеници треба да одат во самоизолација бидејќи се уште се изработуваат епидемиолошките анкети.

-Денеска ќе знаеме затоа што треба да завршат епидемиолошките анкети, рече Филипче.

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ денеска преку својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид-19, додека вчера собраниските служби информираа за пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери не коментираат како ќе се одвива работата на законодавниот дом во наредните недели.

Џафери претходно повеќе пати предупреди дека работата на Парламентот мора да се усогласи со новите услови за работа, но тоа да се случи треба промена на Деловникот за работа на Собранаието. Владејачките партии предводени од СДСМ сметаат дека парламентот треба да има можност за онлајн-работа, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставот тоа не го дозволува.

Министерот за здравство Филипче денеска рече дека негова и пепорака на Комисијата за заразни болести од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа да го стори, а оваа препорака се однесува и на пратениците.

– Тоа е наша препорака од почетокот на кризата. Секој што може онлајн да работи од дома тоа да го направи. Впрочем, и пратениците треба да се свесни дека на тој начин го штитат нивното здравје. Нема потреба од групирање, нема потреба од преземање таков ризик. И сега поразговарав со дел од пратениците кои беа тука присутни и го препорачав истото, рече Филипче, по положувањето на свежо цвеќе пред споменикот кај зградата на Владата, по повод 11 Октомври.

Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби изјави дека Собранието мора да започне да работи онлајн, посочувајќи дека веќе задутре Владата ќе се одржи седница преку зум-апликацијата.

-Сметам дека други институции исто така треба да имаат алтернативни начини на продолжување со својата работа, рече Груби. 

Next Post

Попладневен преглед на вести: Двајца пратеници позитивни на Ковид-19, на Инфективна нема место, болните од коронавирусот ќе се примаат во модуларната болница...

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk