Денеска, на првиот ден од укинувањето на одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Б и Х само со негативен тест на ковид-19, забелажано е зачително зголемување на фреквренцијата на патници и на дел од граничните премини на земјава.
Можно е Владата уште утре, според најави оттаму, да ја преиспита одлуката за влез во земјава без ПЦР-тест, која важи за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговин, а која стапи на сила денеска.
На првиот ден од укинувањето на одлуката за влез во земјава само со негативен тест на ковид-19, забелажано е зачително зголемување на фреквренција на патници и на дел од граничните премини на земјава.
Од ГП „Јажинце“ информираа за поголем наплив на патници. Според нивните податоци, од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1 500 лица.
„Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку ‘Јажинце’ за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1 000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест, на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе“, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце, пренесува МИА.