ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

По двомесечна пауза, ковид-19 повторно во штипските конфекции

October 12, 2020 16:05
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По пауза од два месеца коронавирусот повторно влегува во штипските конфекции. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова потврдуваат дека позитивни случаи имаат кај работници во една голема штипска фабрика во ТИР зоната и во една помала конфекции.

На последниот кризен штаб, инспекторите, но и Кристина Ампева од Гласен Текстилец побараа повторно да се заголемат контролите на автобускиот превоз, но и во вистинска смисла на зборот да функционираат Ковид координаторите во фабриките, кои нема да дозволат групирање на работниците за време на паузите.

-Општинскиот Штаб за заштита и спасување ќе упати Барање до Комисијата за заразни болести и Централниот Штаб за изработка на конкретен Протокол за вршење на превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај кој ќе го замени Протоколот за вршење на меѓуградски превоз од Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID – 19. Со донесувањето на овој протокол ќе се опфатат сите видови на превоз кои се одвиваат на територијата на Република Северна Македонијаа посебно и видовите на превоз кои се одвиваат на територијата на локално ниво кои не се опфатени со Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, се вели во заедничкото соопштение на Општинскиот кризен штаб-Штип.

Меѓу заклучоците се соработка на МВР со Државниот инспекторат за труд-Штип и останатите инспекторски служби се со цел реализирање на засилени ненајавени надзори и контроли во угостителските објекти, компаниите се со цел почитување на здравствените протоколи. Зголемени контроли на превозот од страна на Општинскиот инспектор каде најчесто транзитираат линиите за превоз со работници во текстилната индустрија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение хоспитализирани се вкупно 48 пациенти, од кои 41 се потврдени, а седум се сомнителни. Во болнички услови починал и 70 годишен пациент од кочанскиот регион, а 14 пациенти се на повремена кислородна поддршка, ниту еден нема на респиратор.

Next Post

Владанка Димковска: Маски раснат по улица

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk