Повеќе од 100 години во оваа населба не била направена никаква урбанизација, ниту реконструкција. За краток рок општината обезбеди нова комунална инфраструктура која е од големо значење за жителите на населбата.
Со овие проекти локалната власт во Куманово ја демонстрира грижата за секој дел, за секоја населба од својата општина и грижата за сите граѓани. Завршените работи на канализационата мрежа во Средорек, како и работата на асфалтирањето на улиците се придонес за поквалитетен живот и секојдневие на локалните жители. Во Куманово и во поширокиот регион, во полн ек е градежната офанзива на различни капитални инфраструктурни проекти.
Градиме држава која е праведна за сите, на темелите на социјална сигурност, стабилност и развојна економија, за иднина и просперитет во заедницата на Европската Унија, напиша премиерот во својата објава.





