Зоран Милески – Кичеец до Основниот кривичен суд во Скопје побарал одложување на издржувањето на затворската казна и затоа не се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Од Кривичниот суд велат дека за неговото барање ќе одлучи судија за извршување санкции по што преку соопштение ќе ја информираат јавноста за тоа дали ќе добие одложување или сепак ќе мора да влезе во Шутка. Засега нема информации кои причини Кичеец ги навел во неговото барање.
Според Законот за извршување санкции, осудено лице може да побара одлагање на почетокот на извршувањето на затворската казна од неколку причини, меѓу кои се: болничко лекување од потешка акутна болест или зависности; смрт или тешка болест во потесното семејство; извршување на неодложни полски или сезонски работи; завршување на училишна година или полагање на испит и др.