Околу случајот за доделувањето финансиски средства од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја информирам јавноста дека надлежните институции започнаа со проверка на случајот, секој во рамки на својата надлежност, напиша вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал во Владата, Љупчо Николовски.
Како вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот, во постојана комуникација сум со институциите, а случајот целосно ќе се истражи и расчисти.
Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација, напиша Николовски во објава на својот профил на Фејсбук.
Д. Е.