Основниот граѓански суд-Скопје ја одби тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска поднесена против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тужбеното барање не е усвоено, а на странките во рок од осум дена ќе им биде доставена писмената пресуда, каде истата ќе биде и образложена, пренесе МЕТА.
Обвинителката Вилма Русковска покрена тужба за клевета против опозициската партија поради предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ кои се емитуваа за време на кампањата пред парламентарните избори што се одржаа на 15 јули годинава. Во два рекламни спота „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“, обвинителката Русковска беше претставена како слуга на СДСМ.
Обвинителката Русковска во тужбата наведува дека преживеала анксиозност, душевна болка и загриженост, додека пак од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се бранеа дека доколку судот пресуди во нејзина корист, ќе се загрози слободата на изразување.
Извор: МЕТА