#FrontAction
Ние сме прво човечки па потоа социјални и политички битија
Дали човекот во својата срж е нишка испреплетена од желби за злоба? Дали политичката определба го бои човекот и му дава за право да шири говор на омраза? Гнасни четива со отров се шират низ порталите за загубен живот.
Гнидите раснат и цицаат крв без трунка совест и без грам срам. Никакви етички и морални вредности нема во вашите мозочни ќелии, а срцата ви се полни со тиња.
Вчера згасна еден млад живот, една звезда која пожртвувано го красеше нашиот секојдневен живот и со сета сила и херојски подвиг спасуваше животи. Кој ви дава за право да го критикувате? Кој ви дава право да ширите говор на омраза? Да се ситите на туѓа смрт.
Тој човек ќе ве спасеше вас од болнички кревет и ќе се грижеше за вас без да размисли за вашата политичка определба! Тој човек остави сопруга и мало дете! А вие се ситите на туѓа смрт, пишувате небулозни и грозни коментари, омаловажувате и ширите секаков тип на говор на оомраза. Кој ви даде право? Со кое право? Кривично треба да одговарате вие сите кои сте лишени од човечки сетила – кои немате трунка совест и срам.
Говорот на омраза е најниска алатка со која може да се послужи човек. Жал ми е за вашиот поган јазик кој е научен само на грди зборови. Вие никогаш нема да ја видите убавината на светот и вас таа никогаш нема да ве спаси.
Почитуван докторе, патувајте херојски кон звездите – сите генерации имаат свои херои – вие навистина бевте нашиот.
В.