ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Две лица од Дебар и еден албански државјанин под истрага за 5,480 кг марихуана

October 17, 2020 17:03
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Врз основа на вештачењата извршени по наредба на обвинителството и прибраните докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против еден албански државјанин и двајца дебарчани.

Постои основано сомнение дека осомничените во текот на месец јули годинава, сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и  прекурсори“ по чл.215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, кривично правниот настан се случил во јули годинава кога првоосомничениот, 33 годишен албански државјанин, неовластено заради продажба на територијата на нашата држава внел наркотична дрога – марихуана од Република Албанија, со вкупна тежина од 5,480 кг. Дрогата, била спакувана во јутена вреќа која, за да не биде откриен, ја сокрил во грмушка на место викано „Врабич“ на регионалниот пат Дебар – Струга. Тројцата осомничени на 20 јули 2020 година, околу 13.30 часот со патничко моторно возило марка Голф, сопственост на еден од осомничените, дошле до местото каде била сокриена дрогата. Притоа, првоосомничениот излегол од автомобилот со намера да ја пронајде вреќата, додека другите двајца продолжиле во правец кон Струга.

Додека првоосомничениот ја извлекувал вреќата со наркотичната дрога од грмушката бил забележан од полициски службеник и се дал во бегство. Во меѓувреме, двајцата дебарчани со цел да го земат првоосомничениот се вратиле на локацијата, но откако го виделе полицискиот службеник продолжиле кон Дебар каде биле запрени од полициски службеници и лишени од слобода. Обвинителството издало наредба за вештачења, меѓу кои и на траги од јутената вреќа во која се наоѓала дрогата.

Пристигнатите наоди од вештачењето покажуваат присуство на ДНК на двајцата осомничени и во корелација со другите докази ја даваат основата за издавање на Наредбата за спроведување на истражната постапка. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените./МИА/

Next Post

Во Србија 227 новозаразени, починале уште две лица

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk