Заменик-министерот на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман е позитивен на ковид-19. Тој информацијата ја објави на неговиот фејсбук профил.
https://www.facebook.com/ilhan.rahman1987/posts/10220700551356045
„Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита“, напиша Рахман на Фејсбук.