ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН СЦЕНА

Ја изгледавте ли „Emily in Paris“?

October 20, 2020 18:59
in ДЕНЕС, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ви недостасуваше ли високата мода и плиткото размислување на Gossip Girl? Драмата на Кери Бредшо, неодлучноста околу љубовниците и долгото пешачење на штикли, ама во Париз? Запознајте ја Емили!

Класична американка насадена во главниот град на модата, пратена да ги американизира француските гледишта за социјални медиуми и да внесе малку миленијалски пристап меѓу бумери во модната индустрија кои одбиваат да прифатат дека некои работи „веќе не се прават така“.

Серијата засега има 10 епизоди, креатор е легендарниот Дарен Стар кој ја благослови телевизијата со „Сексот и градот“ (серијата, за филмовите сме во негирање дека воопшто се случија). Заради големата гледаност, Нетфликс веќе најави втора сезона, така што, ако ја изгледавте во еден ден (секако дека да), ќе си почекате за втора сезона.

Дури и да не ви е најсимпатична cheesy тематиката на серијата, мора да признаеме дека е освежување наспроти лавината од сај-фај проекти кои никнуваат на платформата која и те како (ќе) ја пензионира регуларната телевизија. Се преморивме некако и од оние дистописки содржини, посебно годинава која нѐ почасти со прилично апокалиптично сценарио.

Емили е лик креиран за секој/а да може да се пронајде во неа, ако не се пронаоѓате во нејзиниот карактер, тогаш пробајте да научите нешто од нејзе. Работи маркетинг, на почетокот на нејзиниот престој во Париз, од само 50 следачи на Инстаграм стекнува над 2000 благодарение на досетливите описи под објавите и секогаш инспиративните слики кои не се клише.

Во една од епизодите, Емили е поканета на инфлуенсерски собир за промовирање на некоја козметичка куќа и со радост оди, затоа што одамна го знае брендот, а гледа и како да извлече професионална соработка со нив. Очигледно е од типот на луѓе кои и покрај тоа што знаат да „маневрираат“ со социјални медиуми, не лета во облаци и целиот тој собир за неа е мал хорор од блицови и занес на разгракани инстаграмџии полни со себе само затоа што имаат гооолем број следачи на Инстаграм. Од сите присутни, таа го привлекува вниманието на сопственичката на козметичката компанија затоа што објави досетливо story, додека една прави шпага со селфи стик во рака, а друга дојде со кучето кое исто така е „инфлуенсер“.

Досетливоста на Емили се исплати уште на почетокот на сезоната кога објавата за нејзината конфузија за францускиот јазик ја ретвитнува Брижит Макрон.

Серијата има влијание од Сексот и градот, Gossip Girl, The Devil Wears Prada, малку од Friends и уште мал милион chick flicks кои мораме да признаеме дека знаат да бидат симпатични за одмарање мозок.

А. Н. С.

 

Next Post

Премиерот го прифати барањето да препорача разрешување на Димова од Националната агенција за европски образовни програми

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk