ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Демократски Сојуз: Министерот Османи да му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор

October 22, 2020 11:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократскиот сојуз преку соопштение до медиумите жестоко ја осудува изјавата на потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Бугарија, г. Красимир Каракачанов, дека ќе испрати инженериски полк на бугарската армија или членови на организацијата ВМРО која ја предводи, за да ги отстрани спомениците во РС Македонија на кои има табли дека станува збор за жртви на бугарскиот фашистички окупатор.

„Скандалозно и непримерно е министер за одбрана на членка на НАТО во која членува и нашата држава, да дава вакви изјави насочени кон својот сосед со кој Бугарија официјално декларира дека сака да негува добрососедски и пријателски односи. Република Бугарија и РС Македонија се сојузници во НАТО алијансата во која безбедноста, мирот, добрососедската соработка се основни вредности и принципи а изјавите за испраќање воени единици ги будат мрачните духови на минатото.“, велат од Демократскиот Сојуз.

Тие додаваат дека ставовите на потпретседателот на бугарската Влада, Каракачанов, како и на европратеникот од владеачката партија ГЕРБ, Андреј Ковачев, во кои се доведува во прашање прославата на 11-ти октомври, денот на востанието против фашистичкиот окупатор како услов за поддршка на официјална Софија за нашето евроинтегрирање, се навреда за македонскиот народ, кој ја извојува својата национална слобода во Втората светска војна во борбата против фашизмот.

„Република Бугарија треба да се соочи со историската вистина дека во текот на Втората светска војна монархистичкиот режим на бугарскиот цар Борис бил сојузник на фашистичка Германија, го потпиша Тројниот пакт, а за возврат од фирерот Хитлер доби награда да ги окупира териториите на Вардарска Македонија, Беломорска Тракија и Егејска Македонија. Дека станува збор за окупација на територијата на денешна РС Македонија, сведочат и документи на бугарската армија и изјави на тогашниот бугарски премиер Богдан Филов, кои се јавно достапни на интернет.

Демократскиот сојуз смета дека бугарскиот народ и современата бугарска држава треба да демонстрираат дека немаат ништо заедничко со фашистичкиот режим на цар Борис. Европската унија почива врз принципите на извојуваната слобода во борбата против фашизмот и обидот да се негира фашистичката окупација и да се претстави како ослободување во најмала рака е антиевропски и антицивилизациски чин.

Демократскиот сојуз смета дека најмалку што треба да направи министерот за надворешни работи на РС Македонија, Бујар Османи, е да го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во нашата држава и да му врачи протестна нота, усмена или писмена, за прекршување на дипломатските правила на однесување на високиот претставник на бугарската Влада. Очекуваме и премиерот на пријателска и сојузничка Република Бугарија, г. Бојко Борисов, да се огради од ваквите изјави на потпретседателот Каракачанов.“, стои во соопштението од Демократски Сојуз

Next Post

„Вечерњи лист“: Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk