ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива, очекуваме многу скоро да ги направиме првите следни чекори

October 22, 2020 17:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во разговорите со европските челници изразивме надеж дека подготвеноста на Северна Македонија ќе се формализира и со усвојување на рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и Првата меѓувладина конференција до крајот на годината, изјави денеска премиерот Зоран Заев по онлајн состаноците со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, потпретседателот на ЕК Жозеф Борел, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и претседателот на ЕП Дејвид Сасоли.

На средбите заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече Заев, изразивме благодарност за поддршката на нашата земја и одлуката на ЕУ од март годинава да отпочнат преговори за членство со Северна Македонија, што започна нова ера во нашите меѓусебни односи.

– На нашите соговорници им порачавме дека нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива и дека очекуваме многу скоро да ги направиме првите следни чекори со секое отворено поглавје за европскиот квалитет на живеење на нашите граѓани, изјави Заев.

Заклучивме, посочи тој, дека е вложено многу од двете страни и ние сме подготвени со преговорите по поглавјата целосно и безусловно да ја исполниме нашата ЕУ агенда.

– Нема да дозволиме причини за нови одлагања, затоа што остварувањето на нашата следна стратешка цел членството во ЕУ е наша свечена обврска во име на иднината на државата и граѓаните. Нашата земја останува посветена на негување на добрососедските односи со континурирана имплементација на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот на проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, изјави Заев.

На нашите европски пријатели, нагласи Заев, им пренесов дека со соседна Бугарија имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи и тоа го правиме.

– Меѓусебната соработка треба да расне, да градиме пријателство и да го почируваме правото на самоопределување и самоидентификација како темелни европски вредности, изјави Заев.

Признанието во Извештајот на ЕК, рече тој, го оценивме како особено значајно за постигнатиот напредок во реформите, особено во клучните области – судството и борбата против корупцијата.

– Извештајот за Северна Македонија е објективна и сеопфатна проценка на вкупното ниво на усогласенолст на националното законодавство во правото на ЕУ. Укажувањето на областите за кое е потребно дополнително усогласување за владата се силен мотив. Препораките да се преточат во нашата агенда за континуитет на реформиет, изјави Заев.

Соговорниците, рече Заев, очекуваат во претстојниот период да се завршат сите подготовки и усогласувања за да се одржи Првата меѓувладина конференција што ќе го означи почетокот на затворањето на поглавјата за нашето членство во ЕУ, како прв чекор за градење на нашата заедничка иднина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ивица Дачиќ избран за претседател на Собранието на Србија

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk