ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Џафери-Хоти: Успешната соработка меѓу С.Македонија и Косово се карактеризира со меѓусебна поддршка и почитување

October 23, 2020 19:04
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Косово, Авдулах Хоти, во рамките на неговата официјална посета на Република Северна Македонија. Во состав на делегацијата беа и Дритон Селманај, заменик премиер на Владата и Мелиза Харадинај Стубла, министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово.

На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји, кои се карактеризираат со меѓусебна поддршка и почитување. Претседателот Џафери ја нагласи позитивната и конструктивна соработка меѓу Собранијата на Северна Македонија и Република Косово и изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог преку одржување на првата заедничка седница меѓу владите на двете земји.

Тој оцени дека испраќањето на 44 припадници на Армијата на Северна Македонија во составот на КФОР, како наша прва ротација во мисија предводена од НАТО по добивањето на статусот полноправна членка во Алијансата, ќе придонесе за натамошната стабилност како на Косово, така и целиот регион. Џафери нагласи дека, Република Северна Македонија принципиелно ги подржува евро – атлантските аспирации на Косово и во континуитет искажува подготвеност за пренесување на искуствата во овие процеси. Истовремено, тој изрази надеж за квалитативен напредок на Косово во интеграцијата кон ЕУ, како и добивање на визна либерализација.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија изрази поддршка на дијалогот Белград–Приштина, со убеденост дека ќе биде постигнато одржливо решение прифатливо за двете страни и го поздрави Договорот за нормализација на економските односи меѓу Косово и Србија, потпишан во Вашингтон. Претседателот на Владата на Република Косово, Авдулах Хоти, упати честитки за значајните промени, исклучителните реформи и напредокот што го постигна Република Северна Македонија, оценувајќи дека со тоа е создаден нов моментум за развој и стабилност на целиот регион.

Тој се осврна на состојбата во Косово, особено на планот на евроинтеграциите и го нагласи интересот за реализација на проекти за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, финансирани од ЕУ.

Џафери и Хоти се осврнаа на економската соработка и приоритетните проекти за инфраструктурното поврзување меѓу Северна Македонија и Косово, со цел дополнително приближување на двете земји и овозможување слободен проток на лица и стоки. На крајот од средбата, соговорниците ја нагласија потребата за натамошно продлабочување на соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Косово во сите области од заемен интерес, што ќе придонесе за натамошно зацврстување на добрососедските односи, како и за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот.

Next Post

Шекеринска на втората сесија на Северноатлантскиот совет: С. Македонија како дел од КФОР вложува во мирот и безбедноста на регионот

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Калас: Русија се обидува да ги блокира спроведувањето на санкциите од САД со план за Украина

November 21, 2025

Зеленски: „Украина е пред најтешкиот избор – достоинство или губење на клучен партнер“

November 21, 2025

УНИЦЕФ: Од почетокот на прекинот на огнот во Газа убиени се 67 деца

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Која е Фатима Бош, новата Мис Универзум што ја разниша сцената?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обилни дождови ја погодија Грција: Поплави и големи штети на Крф и во Јанина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk