Министерот за здравство, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави дека во текот на викендот сите лаборатории ќе работат со полн кашацитет и дека се работи на изнаоѓање решение и за нови термини, медицинските лица се максимално ангажирани и се работи во три смени.
Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини.
Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела.
Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, напиша министерот Филипче на својот профил на Фејсбук.
Д. Е.