ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

МВР поведе постапка за полицаецот кој не реагирал на пријава за насилство во случајот со фемицид во Гостивар

October 23, 2020 12:24
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи покренало постапка против полицаецот, кој не реагирал на пријавата за насилство за случајот со фемицид во Гостивар, откако тоа со претставка го побара Хелсиншкиот комитет за човекови права.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во одговорот на претставката од Хелсиншки комитет за човекови права за третиот фемицид годинава наведе дека веднаш откако синот дознал за семејното физичко насилство врз мајка му сторено од неговиот татко, истата вечер во 21:30 го пријавил случајот кај полицискиот службеник на влезот во дежурната служба, велат од Хелсиншки.

Полицискиот службеник му побарал телефонски број на синот, му дал насока да биде во близина на куќата на неговите родители и да чека телефонски повик од него. Сето ова поради тоа што сите служби на ПС од ОН Гостивар биле ангажирани за претрес во село Здуње.

Вечерта синот разговарал телефонски со полицискиот службеник, кој поради тоа што било многу доцна му сугерирал следниот ден заедно со мајка му да го пријават таткото за семејното насилство. Утрото околу 6 часот, синот дознал дека таткото ја убил мајката со секира и веднаш го пријавил случајот во ПС од ОН Гостивар.

-Оваа рекапитулација на настаните е дел од одговорот на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, на претставката на Хелсиншкиот комитет за фемицидот во Гостивар, кој во септември ја потресе јавноста. За овој, инаку трет фемицид годинава, Платформата за родова еднаквост веднаш алармираше дека и покрај постоењето на сознанија и пријави за насилство, институциите не реагирале навремено, нагласува Хелсиншки.

Во соопштението се вели дека внатрешната контрола на МВР утврдила дека наводите во нивната претставка се основани, откако биле извршени непосредни и објективни проверки, биле собрани потребни известувања и бил извршен увид во целокупната документација.

-Поради тоа што полицискиот службеник од ПС Гостивар сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот поднел Иницијатива до СВР Тетово за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Исто така Одделот за внатрешна контрола поднел и Известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, нагласува Хелсиншки.

Додава дека иако е за поздравување брзата реакција на Министерството за внатрешни работи за испитување на постапувањето на полициските службеници во овој случај, сепак Министерството треба системски да се зафати со несоодветното постапување по пријавите на родово базираното насилство и семејното насилство, пракса која значително ја намалува довербата на жртвите во надлежните институции.

Според истражувањата во нашата земја,  во повеќе од 80 проценти од случаите убиството се случило во заедничкиот дом или доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата, а во најголем дел од случаите убиството е извршено од страна на сегашен или поранешен партнер.

-Во случаи кога семејното насилство не се пријавува или пак, релевантните институции на жртвата не ѝ ја обезбедуваат соодветната заштита, како во конкретниот случај во Гостивар, многу поголема е веројатноста дека насилството ќе резултира со фемицид, додаваат од Хелсиншки.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk