ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Решението од заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија е најодржливо

October 23, 2020 21:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да одржи средба и пред декември, со што ќе компензираат тоа што во текот на изборите го изгубија како момент и од пандемијата, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ Канал 5. Тој рече дека и претходно и сега инсистира во Комисијата да има и член Албанец бидејќи, според него, ова е заедничка битка и дека заедничкиот ангажман за ова прашање ќе не зближи многу.

-Тука е можност да се создаде блискост, но и да се остава наследство дека Албанците биле важен чинител кога се решавале некои важни прашања. Се разбира дека работам на тоа и наскоро ќе има решение и се разбира дека јас ги  согледувам работите и го утврдувам моментот кога е тоа најдобро да се направи за да не се направи штета на процесот, рече Османи.

Според него Комисијата е инструментот за решавање на проблемот со Бугарија и дека тоа што ќе произлезе од неа е најодржливото решение.

-Теоретски може политичарите да најдат решение, меѓутоа колку се тие одржливи. Затоа што секогаш ќе се гледаат од политички контекст, дека биле политички решенија а не биле на научни согледувања и решенија и утре кој било може да ги спори тие решенија. И затоа сметам дека е најодржливо, најцврсти решенија ќе бидат тие што историчарите без влијание на политичарите ќе ги донесат како заклучоци, истакна Османи. Јас би сакал овие прашања веќе да се завршат, да се тргнат од агенда за да можеме да продолжиме со преговорите. Би сакал овие прашања да не бидат дел од нашиот политички дискурс. Мене затоа ми е важна првата меѓувладина конференција бидејќи така чувствувам дека е една отсечка, една бариера на балканскиот политички дискурс на разговарања на историски прашања, идентитетски прашања, граници  итн. и да влеземе во еден друг модус на функционирање на општеството, а тоа е реформи, животна средина, владеење на право и сето тоа што го предвидува преговарачкиот процес, истакна Османи

Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека веќе имало испорачан договор сличен на Преспанскиот кој предвидува уставни измени, министерот Османи рече дека веднаш реагирал на таа изјава.

-Јас реков дека постојат сет на идеи од едната, од другата страна, од сите инволвирани во процесот како да се надминат прво разликите во очекувањата. Прво, дали има динамика на имплементација, дали може да се направи нешто побрзо, која би била таа динамика, што може да го забрза процесот, некои дополнителни дилеми коишто се појавија во меѓувреме, а не се дел од Договорот како што е на пример – разликите по однос на новото кратко име на државата, по однос на резолуциите на Советот на Европа, појасни Османи.

Во односн на средбата на 10 ноември во Софија и дали има можност за средба порано од Берлинскиот процес, Османи рече дека прашањето дали ќе има претходна средба зависи од многу фактори, вклучувајќи ги и разговорите коишто ги водат на дневна основа.

-Ние комуницираме, комуницирам јас со мојата колешка Захариева, меѓутоа комуницираат и двете министерства на дневна основа по однос на овие разлики, истакна Османи.

Според министерот, проблемот со македонскиот јазик кој го имаат Бугарите е во различната интерпретација по однос и на таа дефиниција што значи според Уставот на Република Македонија тогаш, сега Република Северна Македонија.

– Поврзано е со потеклото на јазикот. Спорот е заради нивниот став дека треба да се признае историскиот контекст на генезата на јазикот. Меѓутоа, нашиот став е дека прашањето на јазикот не е прашање кое што се регулира во меѓудржавните односи  тоа е прашање кое што произлегува од правото на самоопределување и на самоизјаснување на граѓаните, рече Османи.

Next Post

Бројот на активни случаи во државата изнесува 6.861, речиси половина од нив се во Скопје

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk