ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните на форуми избираа проекти за регионален развој, во Струмица приоритет е интегрирање на маргинализирани групи, во Кочани планинскиот туризам

October 24, 2020 08:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно приоритетите на граѓаните кои на регионални форуми одлучуваа за проекти во општините од Источниот плански регион, а кои се дел од проектот кој го имплементира Министерството за локална самоуправа „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, беа избрани различни проекти, а граѓаните на Струмица приоритет им дадоа на маргинализираните заедници, додека во Кочани во прв план излезе планинскиот туризам.

Проектите, во организација на Министерството за локална самоправа и Швајцарската амбасада, беа презентирани на медиумска тура која се одржа на 16 и 17 октомври.

Како приоритетен проект во општина Струмица, граѓаните ја одбраа „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ – проект наменет за подобро вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион преку реализација на овој проект во соработка со Здружението „Избор“ ќе овозможи унапредување на постоечките услуги во регионот за подобро вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд.

Здружението има посебна програма наменета за реинтеграција која во моментот не располага со потребната опрема која би овозможила непречен напредок во однос на работно оспособување за пекарство, пакување на производи, градинарство и цвеќарство. За таа цел, преку овој проект е предвидена набавка на потребната опрема со што ќе се овозможи збогатување на Програмата за реинтеграција на терапевтска заедница „Покров“ која е основана од страна на Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци „Избор“.

Преку набавката на ваквата опрема ќе се овозможи континуирана поддршка за развој на иновативните услуги за социјална инклузија и рамноправен пристап до квалитетни работни места на претставниците на маргинализираните групи кои се наоѓаат во неповолни социо-економски услови, преку стекнување вештини за органското производство, пекарски вештини, вештини поврзани со сушење и пакување на земјоделски производи и други вештини кои ќе бидат идентификувани како потреба на пазарот на труд.

Во рамките на проектот предвидена е и кампања за промовирање на можностите за стекнување на работни вештини во областа на лекарството, градинарството, органското производство преку подобрената програма за реинтеграција на маргинализирани лица во регионот.

Набавената опрема во рамки на програмата за реинтеграција ќе ја користат 70 до 75 корисници на тераписки услуги на годишно ниво.

Сократ Манчев од Здружението информира дека овој проект нуди можност за професионална рехабилитација заради реинтаграција на лица со попреченост и други маргинализирани групи. Самиот проект предвидува голем склоп на економски активности, преку кои ќе се обидат не само да ги вработат тие луѓе, да им најдат работа, туку и да ја направат самоодржлива на нивната организација.

Корисници на психоактивни супстанци доаѓаат во терапевтската заедница „Покров“ и поминуваат низ три фази кои се одвиваат една и пол година. Првата фаза е адаптација, фаза на ресоцијализација и на крајот фаза на реинтеграција.

– Прво има фаза на адаптација, да се адаптирате на местото, потоа има фаза на ресоцијализација и на крајот е реинтеграција. Според мене, ако сакате да се спасите од зависноста, сите овие фази ќе бидат лесни, ако се пронајдете во местото нема да имате никакви проблеми. Ако се следи програмата се ќе биде добро. Треба малку да се издржи во фазата на адаптација, бидејќи има фаза на детокс, тоа се малку потешки моменти за сите клиенти, како и за мене. Сите што сме вработени сме биле зависници по многу голем период, вели вработен во заедницата, кој 16 години бил корисник на психоактивни супстанци.

Тој посочи дека со целосно завршена програма, од 80 до 90 посто од лицата кои доаѓаат во заедницата остануваат и оти многу ретко има случаи кога лицата не издржуваат до крај.

-Има големи препреки низ процесот што ако ги совладаме сите, ќе бидеме многу подобро. Можам да споменам дека многу е добро што заедницата по завршување на секој процес нуди можност за работа, дали тука, дали други работни места, наведе тој.

Заедницата располага со психијатар, доктор, психолози, а имаат и спортски активности – пинг понг, шах. Корисници има од цела земја.

– Процесот е за мене едноставен и многу важен. Тука добив еден многу лесен почеток за нов живот далеку од зависноста. Тука работиме, стекнуваме нови работни навики, работи кои не сум ги работел надвор, тука ги осознавам и можат да ми бидат од корист и кога ќе излезам од тука. Тука сум веќе 13 месеци, задоволен сум од цела програма, со стручните лица со кои работиме, како работиме, имаме психотерапија, ми помагаат многу и јас се трудам исто така да дадам се од себе, бидејќи сепак се работи за мене, посочи поранешен корисник на психоактивни супстанци.

Овој проект, според заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, е еден уникатен пример како да им се помогне на оние кои се зависници од психоактивни супстанци, и тоа на начин на кој ќе бидат ресоцијализирани, не само лекувани.

-Станува збор за една условно речено фарма во која тука не само што се рехабилитраат зависниците од психоактивни супстанци, туку работат, се социјализираат и на тој начин стануваат активни на пазарот на трудот. Мислам дека овој пример треба да го пресликаме и во други сегменти во другите региони во Република Северна Македонија, каде исто така постои проблемот на зависности, посочи заменик министерот.

Од овој проект, како што наведе градоначалникот на Струмица Коста Јанев, се раѓа и една иницијатива за производство на органска храна, еден проект кој исто е многу позитивно поздравен во нашето општество. -Ангажман, дневни третмани, дневни проектирани денови со одредени активности кои ќе им овозможат на овие луѓе во одреден социјален ризик да се вклучат, интегрираат во нашето општество, вели тој.

Реконструкција на ски-лифтовите на Пониква, пак, е проектот што граѓаните на Кочани го одбраа за својата општина. Со проектот се опфаќа реконструкција на постојните ски лифтови со должина од вкупно 692 метри, односно 248 метри (ски лифт број 1) и 444 метри (ски лифт број 3). Комплетната реконструкција на старите и нефункционални ски лифтови се однесува на замена на сајли, котви, лагери, редуктори, комплетна електроника, репарација на стопи и бојадисување на столбови и друго.

Со реконструкцијата на ски лифтовите на Пониква, според надлежните, ќе се зголеми побарувачката за спортски туризам, ќе се привлечат спортски клубови и спортисти, како и аматери, деца и љубители на зимскиот туризам и ќе се зголеми безбедноста на посетителите.

Со комплетната реконструкција на старите и нефункционални ски лифтови се очекува да се подобрат условите за скијање, да се намалат досегашните метежи, односно да се зголеми капацитетот на овие ски лифтови. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за работа на ски клубовите и школите за млади скијачи, како и подобри услови за скијање на сите потенцијални скијачи и туристи на Пониква. Реконструираните ски лифтови ќе бидат достапни за употреба на сите категории граѓани (деца, ученици, студенти, вработени, невработени, пензионери), а за ранливите категории граѓани кои имаат желба за скијање ќе бидат обезбедени посебни поволности (организиран превоз и бесплатно скијање).

Проценка е дека бројот на скијачи би се зголемил за околу 20 проценти, а воедно и бројот на туристи за околу 10 посто.

Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ има за цел да се намалат разликите во развојот меѓу и во рамките на планските региони, што би придонело за подобри услови за живот на сите граѓани. Средствата за овие проекти се обезбедени од Министерството и од Швајцарската агенција за развој и соработка при швајцарската Амбасада./МАРИЈА СПАСОВСКА/МИА/

Next Post

Концерт „Медитерански приказни“ од Љубомир Бранѓолица

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk