ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Уште една недела до претседателските избори во САД

October 26, 2020 23:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во САД останува уште една недела кампања за претседателските избори на 3 ноември. Според резултатите на голем број анкети, и нивни агрегатори, како „RealClearpolitcs“ на пример, демократскиот кандидат Џо Бајден успеа да ја сочува предноста во однос на Доналд Трамп, како на национално ниво, така и во „колебливите“ држави, од кои зависи изборот на претседател на САД.

Според Њујорк тајмс, Трамп, актуелниот претседател, со сите сили се обидува да ги искористи изборните ресурси и продолжува со посети на места каде победил во 2016 година, како државите Северна Каролина и Висконсин. Сепак, тој е зад Бајден во многу други држави, и неговиот опонент има поволна позиција во Флорида, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија.

Весникот наведува дека победата во овие држави му носи сигурен влез на Бајден во Белата куќа. Трамп е во тесно водство или израмнет со опонентот во типично републиканските држави како Охајо, Ајова, Џорџија и Тексас. Тоа сепак е успех за екс-потпретседателот на САД, бидејќи негова победата во која било од овие држави ќе овозможи демократите да остварат мнозинство во американскиот Сенат. Исклучително важна околност за еден претседател е да го има Горниот дом на Конгресот на САД на своја страна – Бајден точно памети какви проблеми имаше демократот Барак Обама со мнозинството републиканци во Сенатот, анализира весникот.

На последната дебата на 22 октомври едно од најжешките прашања беше пандемијата на коронавирус. Трамп тогаш изјави дека 100 милиони дози на вакцина против вирусот ќе бидат спремни за неколку недели. Притоа, актуелниот претседател презеде целосна одговорност за ситуацијата со Ковид-19 во земјата. Бајден пак изрази скептицизам дека вакцината ќе биде широко достапна до средината на идната година.

Според политикологот Израел Маркес-втори, сите признаци укажуваат дека Бајден ќе победи на изборите. Причината за тоа е успехот на демократите во најважните држави како Флорида, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин.

-За добивање на изборите, Трамп мора да победи во Флорида и во две други од овие четири. Проблемот е во тоа што тие држави се склони кон поддршка за Бајден, изјави политикологот.

Бајден можеби води во анкетите, но не сите Американци веруваат во него. Трамп може да се надева на победа во републиканските упоришта како Охајо и Тексас. Иако, критична промена на расположението на избирачите е малку веројатна.

-Мошне ретко се случуваат настани коишто фундаментално би ги смениле изборите, но до денот на гласањето останува уште една недела, и сè е можно.

Next Post

Оливер Спасовски позитивен на коронавирус

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk