ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026 10:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија годинава му оддава специјална почест на македонскиот и американски режисер Милчо Манчевски, кому му ја додели престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“. На фестивалот ќе бидат одбележани 25 години од „Прашина“, ќе има италијанска премиера на „Бикини Мун“ и промоција на нова книга за творештвото на Манчевски, кој е почесен гостин.

„Филмот е уметност на вајање на времето, а никој не го прави тоа како Милчо Манчевски“, ја најави фестивалот во Пезаро програмата посветена на Манчевски што ќе се одвива од 17-19 јуни.

На 62. издание на фестивалот, кој е втор најстар во Италија и еден од најпрестижните во Европа, поместени се повеќе настани посветени на неговото творештво. Централно место во програмата има проекцијата на реставрирана копија во 4К филмот „Прашина“ („Dust“), по повод 25 години од светската премиера. Филмот, кој го отвори Венецискиот филмски фестивал во 2001 година, се смета за едно од најзначајните дела во современата европска кинематографија, а кога се појави предизвика жестоки дебати поради совпаѓањето со војната во Македонија во 2001. Со оваа проекција , Пезаро ја одбележува трајната вредност и влијание на авторскиот опус на Манчевски. Дигиталната реставрација на 4К ја организира и ја финансираше Аугустус колор од Рим, без учество на македонските институции.

Публиката ќе има можност да ја проследи и италијанската премиера на филмот „Бикини Мун“ („Bikini Moon“), неговото наградувано дело од 2017 снимено во Њујорк, филм што ги истражува границите меѓу фантазијата и документарното. Фестивалот истакнува дека токму оваа жанровска слобода е една од препознатливите карактеристики на режисерскиот стил на Манчевски.

Во каталогот на фестивалот, меѓу другото се вели: „Еден од најзначајните претставници на филмот сфатен, во тарковскиевска смисла, како уметност на обликување на времето, Милчо Манчевски низ својот филмски опус создаде визуелна граматика што ја спојува историјата и културата на неговата татковина, Македонија, со космополитски сензибилитет произлезен од повторуваното, но никогаш конечното искуство на живот во странство. Неговите филмови се проникнати со префинет хуманистички дух во кој емпатијата и чувството за гротескното одат рака под рака. „Прашина“ претставува грандиозна медитација за времето и историјата, додека „Бикини Мун“ нуди размислување за нетелеолошката природа на самата филмска уметност – при што секој од овие филмови, на свој начин, создава жанр сам за себе. Тој содржи модернистички портрет на еден од најавтентичните ликови во американскиот независен филм на изминатата деценија. Распнато меѓу два континента и повеќе епохи, филмското творештво на Милчо Манчевски се нурнува во историјата и во приказните за неизбежно да создаде imago mundi – слика на светот – содржана во неразрешената напнатост на исчекувањето: пред дождот, пред љубовта, пред самиот филм, кое со своите конвенции и својата моќ се надвиснува над сè за да го преобрази.“

Покрај филмските проекции, авторот ќе одржи и мастерклас посветен на неговиот креативен процес и на современиот авторски филм.

Во Пезаро ќе биде претставена и новата книга на италијански „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“, која нуди сеопфатен увид во неговото филмско, фотографско и уметничко творештво. Книгата содржи критички есеи и анализи на Манчевски, дел од неговиот книжевен опус, биографија, анализа и повеќе интервјуа што тој ги дал за италијанскиот печат во последните 30 години. Предговорот за книгата го напиша долгогодишниот директор на Филмскиот фестивал во Венеција, легендарниот Алберто Барбера.

Со овој омаж, фестивалот го потврдува значењето на Манчевски како еден од највлијателните автори, кои произлегле од Балканот и оставиле силен печат во светската кинематографија. Почеста во Пезаро претставува уште едно меѓународно признание за автор, чии филмови со децении ги поместуваат границите на филмскиот јазик.

Филмскиот фестивал во Пезаро е втор најстар и најугледен фестивал во Италија – по Венеција, а посветен е на авторскиот и иновативен филм. Основан во 1965 година, фестивалот со децении претставува значајна европска платформа за откривање нови филмски јазици и за афирмација на врвни светски автори. Tој годинава се одржува од 13 до 20 јуни.

Next Post

Идентитетот како алиби за блокада

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk