ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Приштина разгледува нови мерки против Ковид-19, не е исклучено затворање на границите

October 27, 2020 10:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство на Косово Арменд Земај изјави дека надлежните власти во државата ги разгледуваат сите опции за соочување со новиот бран на пандемијата на Ковид-19, вклучително и враќањето на порестриктивните мерки кои беа во сила во одреден период од соочувањето со заразата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Земај во интервју за порталот „Арбреш.инфо“ рече дека меѓу мерките кои се разгледуваат поради зголемениот број на заразени од новиот коронавирус се затворањето на границите и ограничувањето на движењето во местата кои се најпогодени од Ковид-19.

Меѓутоа, рече тој, се зависи од проценката на епидемиолошката ситуација од страна на надлежните институции.

– Мерките како што е затворањето на границите, враќањето на здравствениот персонал на граничните премини, ограничувањето на бројот на учесници на разни манифестации, ограничувањето на движењето во областите кои се најпогодени, како и некои други мерки, се разгледуваат и ќе се постапува согласно проценката на епидемиолошката ситуација во земјата, посочи Земај.

Целосното затворање на земјата, според првиот човек на косовското здравство, „сепак останува како последна опција“.

– Државата и граѓаните не заслужуваат да се вратиме таму каде што бевме пред шест месеци поради несовесното однесување на одредено малцинство. Она што се очекува и што бездруго треба да се случи е надлежните органи да бидат ригорозни кога е во прашање спроведувањето на законот и на одлуките на Владата во однос на справувањето на пандемијата. Веднаш ќе преземеме ограничувачки мерки во секоја ситуација каде што ќе констатираме пораст на бројот на случаи, што се чини дека се случува, истакна  Земај.

Тој рече дека, паралелно со евентуалните нови мерки, ќе продолжи и спроведувањето на оние кои се моментно во сила.

– Косовската полиција, надлежните инспекторати, но и самата заедница треба да ги спроведуваат мерките, да не дозволат да се соочиме со критична ситуација која го поставува во тешка ситуација здравствениот систем, ги оптоварува капацитети и создава проблеми и во економски и во социјален аспект за нашата држава и нашето општество, истакна Земај.

Во Косово досега се евидентирани околу 18.000 заразени од новиот коронавирус, од кои 666 починале, а над 51.000 се излекувани, така што бројката на актуелни носители на вирусот моментно изнесува нешто под 2,2 илјади. Последните десетина дена се извршуваат по околу илјада тестирања, од кои како заразени резултирааат меѓу 150 и 200 случаи дневно. Во просек, дневно има по еден до двај смртни случаи на пациенти заразени од Ковид-19, а има денови кога, според официјалните податоци, нема ниту една жртва. 

Next Post

Продолжуваат протестите во Полска поради законот за абортус

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk