Претседателот на надзорниот одбор на СДСМ Горан Сугарески вели дека не му е јасно како може секојдневно да се бара оставка од министерот Филипче и дека тоа ќе било спас за пандемијата.
„Никако не ми е јасно ова секојдневново барање министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемијата. Аман бре луѓе.“, вели Сугарески во објава на ФБ
Тој ја истакнува улогата на министерот и пожртвуваноста на медицинскиот персонал и додава дека само преку соопштенија и барање оставки ништо не помагаат.
„Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило.“, објави Сугарески.
Ј. Ѓ.