Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, само на територијата на скопски Чаир изрече вкупно 131 санкција.
Како што информираа денеска од МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 18 лица, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, додека 18 санкции за неносење на заштитна маска…
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.