ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белград, Скопје и Тирана на 10 ноември ќе потпишат Договор за поедноставување на царинските постапки

October 30, 2020 20:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ по одржувањето на денешната видео конференција со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди рама изјави дека е постигнат договор за три точки – работни дозволи, взаемна помош во случај на елементарни непогоди и побрза царинска работа.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, српскиот министер за финансии Синиша Мали, кој со Вучиќ учествуваше на трилатералниот состанок со премиерите Заев и Рама, изјави дека одлуките донесени денеска се многу важни за сите земји во регионот, со порака дека иницијативата за напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес е иднината на регионот и дава основа за економски развој на регионот и секоја земја одделно.

Тој посочи дека е договорено потпишување на Договор за подобрување на царинската политика за поедноставување на царинските постапки, со што камионите непречено ќе ги преминуваат границите, без да чекаат неколку часа. – Сето ова ќе придонесе за развој на економијата на целиот регион и директно за развој и раст на животниот стандард на сите граѓани во регионот, изјави Мали.

– Ова се важни договори. Замислете како ќе изгледа овој регион кога ќе ја преминете границата само со лична карта и ќе стигнете до Албанија, Северна Македонија или некоја друга земја што наскоро ќе се приклучи на оваа иницијатива, изјави Мали.

Тој нагласи дека во рамки на оваа иницијатива ќе се направи список на заеднички инфраструктурни проекти кои понатаму треба да придонесат за подобрување на квалитетот на инфраструктурата и економскиот развој на регионот.

Мали потсети дека на 10 ноември се очекува потпишување на договорите и дека сликата ќе биде сосема поинаква на 11 ноември, кога ќе започне реализацијата на договореното, нагласувајќи дека напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес претставува иднина за Западниот Балкан и основа за економски развој на целиот регион и на секоја земја одделно.

– Направивме вистинска работа и без оглед на некои разлики, клучно е како на граѓаните од целиот регион да им биде подобро, нагласи српскиот министер за финансии.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж изјави дека договорот постигнат денеска е од големо значење за деловната заедница во регионот, особено поради поддршката што ја добија од тројцата лидери за интензивен и чест дијалог меѓу компаниите и владите.

– Ова е една од многу важните работи, како и договорот за работни дозволи, што практично значи воспоставување единствен пазар на труд во трите земји, посочи Чадеж.

Тој изрази надеж дека и други партнери од сите шест економии во регионот на Западен Балкан ќе се приклучат на иницијативата и на тој начин ќе покажат дека ова има смисла и дека луѓето што работат имаат корист од тоа.

– Многу е важно дека е постигнат многу силен договор да се оди на меѓусебни договори за преминување на границите, без разлика дали се работи за царинска, ветеринарна или фитосанитарна инспекција, за да се забрза овој процес, истакна Чадеж, додавајќи дека српскиот министе за финансии и неговите партнери во Тирана и во Скопје работат на тоа многу добро./МИА/

Next Post

Вечерен преглед на вести: Нови 934 случаи на коронавирус, 5 починати лица; Караџовски: Сите сме во опасност, може да почине и човек без хронично заболување

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk