ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Регионите на Солун, Лариса и Родопи во црвената фаза, мини карантин

October 30, 2020 11:58
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Регионите на Солун, Лариса и Родопи во северниот дел на Грција од рано утрово се во црвената (и највисока) фаза според степенот на опасноста за ширење на коронавирусот и влегуваат во мини карантин, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти нови рестриктивни мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен полицискиот час од 00.30 до пет часот, се затвораат кафулињата, рестораните, кино салите, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите, се прекинуваат спортските тимски активности, дозволено е само индивидуално спортување, а отворени ќе бидат продавниците, фризерските салони и училиштата.

Во изминатите денови во Солун беше регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, а според заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас има 1.955 случаи и 4.399 блиски контакти кои што се во домашна изолација, а просечната возраст на случаите е 35,5 години.

Хардаљас објасни дека просечната возраст, како и проверката на контактите, покажуваат дека случаите се поврзани со забави, спортски активности и масовни собири.

Во текот на вчерашниот ден, мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, преку брзите тестови, спроведе 3.400 тестирања во Солун.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти, нови мерки, односно како што вчера рече „нов акционен план во траење од еден месец“.

Намерата на грчката Влада е да се избегне целосен карантин, како оној во март и април, а едно од сценаријата е полицискиот час да се воведе неколку часа порано, во 21 или 22 часот наместо во 00.30 во регионите што се во портокалова и црвена фаза.

Мицотакис вчера учествуваше на вонредниот состанок на Европскиот совет на кој станало збор за справување со пандемијата, како и со економските последици.

– Плодна дискусија за време на Европскиот совет за Ковид-19 и зајакнувањето на нашата соработка околу мерките, тестирањата, како и за вакцините. Европа мора да работи поблиску заедно и да остане обединета во битката против пандемијата, напиша Мицотакис на „Твитер“ по состанокот.

Во Грција во изминатите три дена беа регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирусот на дневно ниво, а вчера бројката беше помала од завчера, но и бројот на тестови беше помал со оглед на тоа дека во средата беше празник и неработен ден.

Националната организација за јавно здравје на Грција вчера соопшти за 1.211 новозаразени, а починаа уште 12 лица.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 35.510 случаи, а починати се 615 лица.

Next Post

Пладневен преглед на вести: Неопходно е сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, министерот Нуредини во самоизолација...

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk