ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Неопходно е сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот

October 30, 2020 10:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Во време кога есенскиот бран на пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да покажеме одговорност за сопственото и за јавното здравје, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај обидите за опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

„Со овие измени стапуваат на сила новите мерки, коишто се имплементирани во цела Европа и  гарантираат повисок степен на заштита и намалување на ширењето на коронавирусот.

Покрај носење заштитна маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции и приватни деловни објекти, сега е задолжително носење заштитна маска и на отворен простор.

Носењето маска не е потребно при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедница, при престојување во двор во семејна куќа со лица од исто семејство, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот е забрането, а угостителските објекти затвораат во 23 часот.

Исто така, преполовен е капацитетот на патници во јавниот превоз и важи препораката, ако е можно да се работи од дома, онлајн.

Инспекциските служби имаат поголеми ингеренции, а непочитувањето на мерките се казнува.

Самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот е задолжителна, а во случај тестот да биде позитивен на вирусот ковид-19, лицето останува во изолација.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи. Интернисти од приватното здравство се спремни да учествуваат во работата во клиниките и болниците не само во Скопје туку и низ државата.

И покрај сериозноста на ситуацијата, состојбата е под контрола и никој нема да остане без здравствена нега.

Сега е неопходно сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Само на тој начин, заедно можеме да ја намалиме трансмисијата на вирусот и да го заштитиме јавното здравје.“, стои во соопштението од СДСМ

Next Post

МВР: Вкупно 528 санкции се изречени во Скопје во текот на вчерашниот ден

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk