Епидемиологот д-р Жарко Караџовски, во вчерашното интервју на Канал 5, побара да не се вулгаризира мерката за обавезно носење маска на отворено и дака тоа не важи секаде. Тој ги објасни сите мерки посебно.
„Некои колеги и новинари најчесто, малку буквалистички ја сфатија пораката дека ако некој ора со трактор, реплицирам на зборувањето на еден колега, на ливада или на нива и во тракторот внатре е сам, на 500 метри лево и десно од него, дали мора да носи заштитна маска? Па не мора. Па немојте толку буквалистички. Меѓутоа, 10 пати ве слушам и вас а и себе си кажувам. Дали во ТЦ Бисер кај што јас живеам, кадешто кога одам на пазар се разминувам со стотици луѓе, дали е потребна маска? Па потребна е. Зборувавме за тоа дека еден облак од причинители на заразни заболувања, што бактерски, што вируси, се разминуваат со мене и со сите вас кога лицата не носат маска. Киваат, кашлаат, зборуваат или било што прават и ние поминуваме низ тој облак“, потенцира Караџовски.
Според него има и други исклучоци:
„Пример, јас се наоѓам на Шар Планина…. Таму морам да носам маска? Па не мораш. Кој ќе те контролира таму дали носиш или не?! Значи немојте вулгарно да ги сфаќате работите“, рече Караџовски.
Задолжителното носење на маска на отворено, според Караџовски е нужно бидејќи на отворено при кивање, кашлање или гласно зборување се создава респираторен облак од капки што може да ги вдиши некои што тогаш тука поминува.
„Очекуваме ефект од новите мерки, за 7 до 10 дена да видиме што ќе се случи. Една мерка што е донесена вчера не може наутро да даде ефект. Сакаме да видиме колку населението ќе ги почитува овие мерки, колку ќе прави дистинкција помеѓу нешто што не било предложено и сега како се предложува и спроведува, и да видиме до каде ни се здравствените капацитети, до каде можеме да издржиме и дали имаме можност да ја прошириме оваа предлог-мерка за здравствените капацитети во државата“, вели Караџовски.