ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хојт Ји за Гласот на Америка: Бајден ќе се залага за брз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

October 31, 2020 08:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако поранешниот потпретседател Џо Бајден биде избран за претседател на САД, тој цврсто ќе ја поддржи интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, рече за Гласот на Америка, поранешниот заменик-помошник државен секретар на САД Хојт Ји.

„Јас цврсто верувам дека Бајден ќе биде шампион во инеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Ова секако е одлука што треба да ја направи Европската Унија. САД не можат да ја наметнат нивната волја, но, веруваме дека ги делиме истите цели со повеќето европски држави. Сакаме да ја видиме Северна Македонија интегрирана во европските институции. Очекувам Бугарија и остатокот од ЕУ да најдат начин да ги надминат проблемите, за да може Северна Македонија да ги почне преговорите што е можно побрзо“, рече Хојт Ји, кој ја поддржува кампањата на потпретседателот Џо Бајден за иден претседател на САД.

Потенцијалната администрација на Бајден ќе очекува од македонските политичари да ја средат корупцијата во државата, рече тој, нагласувајќи дека има уште многу работа да се достигнат стандардите за влез во ЕУ.

„Ако го следите Џо Бајден изминативе децении ќе знаете дека тој секогаш се залага за борба против корупцијата. Неодамна, за време на неговата претседателска кампања, тој даде јасно до знаење дека ја гледа глобалната борба против корупцијата како приоритет на САД, што за актуелната администрација не е. Претседателот Трамп е загрижен најмногу за него, за неговата партија, за ултра богатите во Америка и богатите корпорации. Ова е нешто што мора да се стопира“, рече тој.​

Според него, администрацијата на Бајден би се вклучила во борбата против лажни вести во Северна Македонија, помогнати од Русија и Кина.

Вели дека не се соменва оти Бајден ќе им помогне на лидерите на Северна Македонија, на граѓанското општество и на партиите, да го продолжат прогресот за подобра иднина на младите и новите генерации.

„Северна Македонија веќе е важен сојузник и партнер на САД. Сакаме тоа да продолжи да се развива, релацијата да биде поцврста, поинтензивна, поблиска на сите нивоа“, рече Хојт Ји.

Додаде дека „има многу потенцијал за трговија меѓу САД и Северна Македонија. Сакаме повеќе Македонци да доаѓаат во Америка, и повеќе Американци да ја посетуваат Северна Македонија“.

Next Post

ЕУ очекува што е можно побрзо договор за преговарачката рамка и старт на преговорите за членство

НАЈНОВО

Полски авиони пресретнаа руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

(ВИДЕО) Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба

October 31, 2025

Здравствени состојби поради кои може да не се дозволи влез во авион

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk