ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Здравствени состојби поради кои може да не се дозволи влез во авион

October 31, 2025 18:00
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Патувањето со медицинска состојба или болест може да биде стресно, па и ризично и опасно во многу случаи. Иако авионскиот персонал е обучен да се справува со итни случаи, некогаш е потребна и професионална медицинска помош. Во таа смисла, неколку здравствени состојби се сметаат за особено опасни за патување и лет, па авиокомпаниите имаат право да ги прашаат патниците, па ако треба – и да не им дозволат да се качат во авион.

Кога авиокомпанијата може да каже „не“?

Главната грижа на секоја авиокомпанија е безбедноста на сите патници и екипажот. Ова вклучува и очигледни случаи како што се пијанство или заразни болести, но и проценка на општото здравје на патникот што може да бара непланирано слетување.

Авиокомпаниите, исто така, обрнуваат внимание на состојбите коишто би можеле да се влошат за време на летот поради промени во притисокот и условите во кабината.

Кои состојби претставуваат најголем ризик?

Тука има неколку заболувања: Нестабилни срцеви или белодробни состојби што може да се влошат на големи надморски височини; неодамнешна операција – воздухот на поголема надморска височина може да предизвика сериозни компликации; гипс на скршеница – ​​ако не е правилно поставен или пресечен за да овозможи ширење на ткивото, нискиот притисок во леталото може да предизвика многу болно отекување на рацете или нозете; напредна бременост – патувањето обично не се препорачува по 28-та недела од бременоста поради можноста за предвремено породување.

Исто така, имало случаи каде што на лица со Паркинсонова болест им е одбиено качување во авион. Сепак, лекарите нагласуваат дека оваа состојба сама по себе не треба да биде пречка за летање, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).

„Важно е да пиете многу течности за време на летот за да се избегне дехидрација, што е особено важно ако имате низок крвен притисок. Така, ако екипажот знае дека имате Паркинсонова болест, ќе се погрижат редовно да ви се нуди напиток. Затоа, клучно е секогаш да го информирате персоналот за какви било медицински состојби пред качувањето, за да бидат подготвени да помогнат доколку е потребно“, наведува здружението.

Видливите повреди, исто така, може да бидат пречка

Меѓу другите пречки коишто може да Ве симнат од авион се видливите повреди, како и навидум мали симптоми на постојана кашлица, дијареја, повраќање, грип, или дури и невообичаено неправилно одење. Евентуална заразна болест може да биде опасна за другите патници на летот.

Доколку сметате дека неправедно ви е одбиен влез во авионот, имате право на жалба. Вообичаено, прв чекор е допис и отворената комуникација со превозникот, што е и најдобриот начин да се обезбеди безбеден и пријатен лет.

Next Post
Фото: Egypt Museum на ФБ

(ВИДЕО) Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk