На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, починало 27 годишно момче од Куманово без никакви коморбидитети, откако претходно било донесено во исклучително тешка состојба и сатурација на крвта од 50 проценти, потврдиле за МКД.МК од Министерството за здравство.
Момчето имало покачена телесна тежина, но никакви претходни заболувања.
Пред да дојде на Инфективната клиника, пациентот бил лекуван дома, со следење од матичниот лекар, а и неколку дена го лекувале амбулантски во кумановската болница.
„27-годишниот пациент, почина на Клиниката за инфективни болести каде беше примен во исклучително тешка состојба. Пред да биде донесен на Клиниката, 6 дена се лекувал дома, 4 дена бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина“, стои во одговорот на Министерството за здравство.