ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кордалов: Намалете со „и покрај што ги почитував мерките, добив позитивен тест“, тој пристап ја намалува довербата во мерките

November 2, 2020 23:35
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

После 23 дена конечно негативен тест на корона! На 10.10 поради мали болки во грлото се одлучив да направам тест на кој излегов позитивен на ковид-19 и истовремено на инфлуенца Б. Нема да лажам дека кога ми соопштија телефонски вечерта буквално се почувствував како „да ми се отсекоа двете нозе“.

Поради психозата на оваа тема која се шири не ни сакам да ви ги раскажам мислите кои ми навираа првите минути, часови, па дури и неколку дена!

Фала Богу поминав без посериозни компликации. Кашлица, изгубен мирис и вкус и затнат нос. Целиот овој период се обидов да бидам окупиран со работа, позитивна енергија и секако целосно следејќи ја терапијата која ми беше препишана.

Што би препорачал?

Прво, да намалиме малку со стигматизацијата. Бидејќи секому може да се случи. Чувајте се, штитете се, почитувајте препораки, но не заборавајте дека за жал и не дај Боже секому може да се случи. Затоа повеќе емпатија, поддршка и позитивна енергија. Не знаете колку треба во тие моменти. Ниту сум ги спорел, ниту ќе ги спорам докторите кои се единствено стручни во борбата со оваа и било која друга болест. Но, ве молам стишете со тоа „непредвидливо“ е, бидејќи не знаете што на човек му се мота низ глава кога ќе му кажат дека е коронапозитивен поради тие реченици. Не спорам воопшто дека научно е докажано дека вирусот е непредвидлив, но истовремено секој има право и потреба од оптимизам и позитивна енергија особено за време на справување и борба со вирусот. Има начин како тоа да го комуницирате јавно, а јас ви стојам на располагање да ви напишам неколку фрази кои ќе ги кажувате јавно, ќе содржат непредвидливост, но истовремено ќе предизвикуваат и смиреност, надеж и оптимизам кај секој заболен од ковид-19.

Второ, лекувањето чини, кошта! Само првата нарачка која вечерта касно морав да ја направам по препорака на лекарите чинеше безмалку 100 евра. Во земја во која сиромаштијата е на толку високо ниво, апелирам и замолувам да се земе ова предвид и да се помогне многу повеќе на сите кои е неопходна грижа и нега, а особено лекарства, суплементи и имунобустери. А, бројките велат дека тоа се стотици илјади луѓе.

Трето, да намалиме со балканштината. Знам дека поговорката вели дека „кој не е експерт, тој не е од Балканот“, но стварно има ли потреба да глумите сите инспектори епидемиолози? Дали знаеш кај ја фати – ама нема кој не ме праша ова. Луѓе, не е ова сексуално пренослива болест па да знаеш точно кај си ја фатил. И да си потенцирам, не сум бил на ниту една журка, никакви собиранки, сум носел маска, дезинфекција честа и миење раце, ама ете се случи. И на уште многу што почитувале мерки им се случи. Затоа, намалете и со тоа „и покрај што ги почитував мерките, добив позитивен тест“. Бидејќи ваквиот пристап ја намалува довербата во мерките кај дел од луѓето и дава ветер во грб на сите кои шират конспирации.

Значи, комуникацијата која треба да биде е следна: СЕ ЌЕ БИДЕ ДОБРО: 1) Почитувај ги мерките и препораките за да се заштитиш себе, блиските и сите луѓе; 2) Следи ги сите симптоми и навремено реагирај, пријави кај матичниот/та, тестирај за да може навремено да добиеш терапија што очигледно е многу важно; 3) Ако се случи да бидеш ковид позитивен, остани позитивен во духот, а лекарите се тука и ќе ти помогнат со терапија и се што е потребно. ТОЛКУ!

Можам да редам уште многу, но најважно ми е да ви се заблагодарам на сите за грижата, поддршката и убавите желби изминативе повеќе од 3 недели. На дел од вас со кои телефонски или онлајн контактирвме, а не ви споменав ништо, не е затоа што криев од вас, туку зашто ми беше неопходно да ги тргнам мислите од психозата која се шири на оваа тема и да ги насочам кон работна окупација и разговор на секојдневни и продуктивни теми. Верувајте ми дека многу е мачно да зборите на темата кога сте позитивни во вакво време, време во кое една личност нема или не може самоуверено да ви каже дека „се ќе биде добро“.

Се извинувам ако некого изложив на ризик, за што патем уште вечерта сите со кои имав контакти ги известив. Се извинувам на сопругата Билјана што ја изложив на целиот стрес, но се радувам што и таа помина со лесни симптоми.

Луѓе, сакајте се и бидете со позитивен став кон животот. Како што вели Емир Хусеини на темава во спотот на УСАИД: “Kujdes PO, panik JO” или “Внимание (почитување на мерки) ДА, паника НЕ”.

А, песнава? Што знам, многу ме расположува изминативе недели. Не знам колку пати ја слушав во сите варијации и изведувачи кои постојат онлајн .

ФБ објава на Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk