ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Смртноста од Ковид-19 е многу поголема споредбено со грип и последиците кај пацентите се поголеми

November 2, 2020 10:33
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пост објава на Фејсбук пренесува текст од онлајн медиум на македонски јазик, во кој лажно се наведува дека смртноста од Ковид-19 и од грипот била подеднаква и дека тоа било кажано од германскиот „Институт Роберт Кох“, објави „Вистиномер“.

Пост објава на Фејсбук на македонски јазик невистинито тврди дека последиците од Ковид-19 и од грипот се подеднакво опасни и дека немало разлика меѓу двете заболувања.

Постот е објавен на фан страната на онлајн медиумот „Слободен свет“ (freeglobe.mk) и во него кратко се вели: „Институтот Роберт Кох потврдува: Ковид-19 е опасен како сезонскиот грип“

Под тоа е постиран текст во кој нема наведен линкуван извор, а како два извора се наведуваат само германскиот „Институт Роберт Кох“ и германскиот магазин „Велт“.

Еве дел од почетокот на текстот:

СЕГА ДУРИ И ИНСТИТУТОТ РОБЕРТ КОХ (РКИ), КОЈ ГИ ДАДЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОВИД 19 РАДИКАЛНИТЕ МЕРКИ ВО ГЕРМАНИЈА, ПОТВРДУВА ДЕКА ВИРУСОТ КОРОНА Е – ЗА СРЕЌА – ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ ОПАСЕН ОД ОНА ШТО ГО ПРЕТПОСТАВУВАА ПОЛИТИЧАРИТЕ И МЕЈНСТРИМ МЕДИУМИТЕ ДО ДЕНЕС.

НЕ УМИРА НИТУ СЕКОЕ СТОТО ЗАРАЗЕНО ЛИЦЕ

ВО СЕГАШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА НА РКИ СЕ НАВЕДУВА ДЕКА ИНФЕКТИВНАТА СМРТНОСТ (IFR) КАЈ ПОПУЛАЦИСКАТА ГРУПА ПОД 70 ГОДИНИ, ОД 0,05 ПРОЦЕНТИ, ОДГОВАРА ТОЧНО НА IFR НА СЕЗОНСКИ ГРИП, УТВРДЕНА ВО ПЕРИОД ОД НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВО САД. ДУРИ И СЕКОЕ СТОТИ ЛИЦЕ ЗАРАЗЕНО СО КОРОНА НЕ УМИРА ОД ИЛИ СО ВИРУС. ПРОЦЕНТОТ НА ПОЧИНАТИ КАЈ СИТЕ ИНФЕКЦИИ СО КОРОНА Е ДАЛЕКУ ПОД ЕДЕН ПРОЦЕНТ ОД АВГУСТ ДОСЕГА.

85 ПРОЦЕНТИ ОД „СМРТНИТЕ СЛУЧАИ ОД КОРОНА“ БИЛЕ 70 ГОДИНИ ИЛИ ПОСТАРИ. САМО 1,3 ПРОЦЕНТИ ОД ОНИЕ КОИ ПОЧИНАЛЕ ОД ИЛИ СО ВИРУС БИЛЕ ПОМЛАДИ ОД 50 ГОДИНИ…(ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ ТУКА).

Наводите ги нема на страниците на „Институтот Роберт Кох“

Проблемот со овој текст на „Слободен свет“ е тоа што, иако уште во насловот се повикува на германскиот „Институт Роберт Кох“, на веб страната на Институтот, ниту на насловната, ниту во другите одделни секции, не можат да се најдат вакви податоци. Пребаравме и во делот специјализиран за Ковид-19 и во делот на публикации.

Единствено истражување што е правено и објавено на страниците на Институтот, а е поврзано стриктно со морталитетот е испитување/студија, објавена во „Журналот за мониторинг во здравството“ (заеднички проект на РКИ и на сојузните гермнаски држави) и која е насловена: „Морталитетот кај повозрасната популација за време на пандемијата со Ковид 19. Постојат ли разлики меѓу свеерот и југот?“. Оваа студија е објавена на 21 октомври 2020 година и се занимава со смртноста на лица од 65 години па нагоре. Но, дури и во оваа студија се нагласува нешто што е спротивно на текстот во „Слободен свет“: „Генерално се забележува пораст на стапката на смртност поврзана со пандемијата со Ковид 19, а нема таква поврзана со грипот“ (последната реченица од Абстрактот на студијата).

Уште една публикација објавена неодамна на РКИ наведува спротивни податоци од текстот на „Слободен свет“ во кој се цитира РКИ. Имено, станува збор за истражување објавено во епидемиолошкиот билтен на РКИ на 8-ми октомври, во кое се наведува дека споредбените податоци помеѓу пациентите заболени од Ковид-19 со оние од потешки симптоми на грип во последните пет бранови на епидемијата, покажуваат дека времето на лекување и времето во кое се користат респираторните машини е многу подолго кај пациентите со Ковид-19 и поради тоа треба да се чуваат местатата во интензивните неги во германското здравство да не се преполнат пред есенскиот бран.

„Велт“ – потешки последици кај Ковид 19

Барајќи ги податоците што ги наведува „Слободен свет“ во својот текст, го пребаравме и германски „Велт“. Единствен текст објавен во скоро време поврзан за споредбата меѓу грипот и Ковид-19 е објавен на 27.10.2020, под наслов „Грип или Корона. Можете да ни кажете“. Објавен е во рубриката Наука и во текстот се користат научни извори да се направи разлика меѓу двете болести.

Но и во овој текст се користат податоци од РКИ институтот, при што се наведува дека „во просек, пациентите заболени од Ковид-19 престојувале подолго на болничко лекување и почесто и подолго на одделот за интензивна нега. Истовремено, 22 проценти од пациентите со Ковид-19 морале да бидат приклучени на респиратор, а само 14 проценти од пациентите заболени од грип“.

РКИ и американските научници – потешки компликации и зголемена смртност кај „Ковид-19“

Повеќе регионални медиуми вчера, завчера, објавија, исто така, податоци поврзани со споредби меѓу Ковид-19 и грипот. И таму се повикуваат во еден дел од текстовите на германскиот институт и се наведуваат истите податоци од „Велт“.

Но, истовремено наведен е податокот дека смртноста на заболените од Ковид 19 во споредба со смртноста на заболените од тешка форма на Грип е пет пати поголема. Дел од текстовите можете да ги видите ТУКА и ТУКА и ТУКА и ТУКА.

Според ова, може да се оцени дека текстот што се наведува во пост објавата на „Слободен свет“ е невистинит.

 

Next Post

Трговските центри и угостителските објекти во Косово ќе работат до 21 часот, нови мерки

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk