ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Последните 10 тони хемиски отпад од ОХИС ќе се уништат во Франција

November 3, 2020 12:00
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Последните 10 тони различен хемиски отпад од ОХИС ќе бидат пратени на уништување во инсенератор во Лион, Франција. Тие, во март требаше да заминат во „Валорек Сервисис“ во Базел во Швајцарија, но пандемијата на ковид-19 и затворањето на границите го одложија извозот. Во меѓувреме, истече договорот со швајцарскиот инсенератор, како и дозволата за меѓународен транспорт на опасни хемикалии. Се работи за околу 4,6 тони иницијатори и 5,2 тони непознати хемикалии кои од март стојат во магацин во ОХИС, спакувани во АДР амбалажа и подготвени за транспортирање. Тоа, по извозот на винил хлоридот, на почетокот на октомври, се последните количини опасни хемикалии, кои треба да бидат испратени на уништување во рамките на „Проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ кој го реализира компанијата „Екоцентар 97“. Од таму информираат дека во моментов во тек е процедурата за вадење нова дозвола за транспорт, по што и овие количини ќе бидат извезени на уништување. Со тоа, по повеќе од година и пол, проектот ќе биде завршен, пренесува „Мета.мк“.

„Договорот со инсенераторот од Базел е истечен, а преостанатата количина на опасен отпад ќе биде извезена во инсенератор во близина на Лион, Франција со кој што имаме склучено договор за соработка. ’Екоцентар 97’ веќе има поднесено комплетна документација за Нотификација, односно дозвола за извоз, до надлежните министерства на секоја од транзитните држави Србија, Унгарија, Австрија и Германија, како и до земјите на извоз, Северна Македонија и на увоз, Франција. Четири од надлежните министерства веќе имаат дадено позитивен одговор, во тек е разгледување на документите од страна на останатите надлежните министерства“, информираат од компанијата.

Од „Екоцентар 97“ посочуваат дека временскиот рок во кој земјите ќе ја достават дозволата за извоз зависи од нивните надлежни институции. Иако дозволата ќе има рок на важност од една година, од компанијата посочуваат дека, во координација со инсенераторот во Лион, планираат да го извезат преостанатиот отпад што поскоро, а точниот датум ќе биде одреден по добивањето на дозволата. Со тоа ОХИС ќе биде ослободен од 64 тони опасни хемикалии во кои имаше метанол, акрилонитрил мономер, но и непознати хемикалии, кои во дворот и во зградите лежеа повеќе децении и претставуваа огромна опасност за здравјето на луѓето и за животната околина.

На почетокот на октомври комплетно беше завршена и постапката за извоз и безбедно транспортирање и на 13 тони од опасниот винил хлорид мономер, кој замина на уништување во инсенератор во Германија. Претходно, минатата година во април откако беа санирани садовите под притисок со хлор, 81 боца и еден контејнер, беа испратени во специјализирана компанија во Србија каде што се санираа оштетените вентили, а хлорот беше извлечен со дегазација и истретиран. Садовите беа исчистени од остатоците од хлор, а потоа вратени во ОХИС. Потоа беа реализирани четири од вкупно пет планирани извози на опасниот отпад. Во јануари годинава беа извезени 16,7 тони опасен отпад од метанол и акрилонитрил мономер  и 17 тони опасен отпад од метанол, потоа во февруари, 16 тони опасен отпад од метанол, акрилонитрил и отпад од хемикалии со непознат состав и во март, 14 тони непознати хемикалии.

Во дворот на ОХИС се наоѓаат уште околу 60.000 тони канцероген линдан помешан со земја, во три посебни депонии. Надвор од кругот на фабриката има уште една четврта дива депонија на линдан, во близина на месноста Пеленица, Драчево. Иако, договорот за чистење на малата депонија на линдан во кругот на ОХИС, според министерството за животна средина е веќе потпишан, името на компанијата сè уште не ѝ е познато на јавноста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk