ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кордалов: Треба многу да се внимава новинарите да не бидат ставени во улога на промотори

November 4, 2020 14:13
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека треба многу да се внимава новинарите и другите медиумски работници да не бидат ставани во улога на промотори, односно продолжена рака на маркетингот, истакна на денешната онлајн дебата на тема „Пи-ар наспроти новинарство“, специјалистот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов.

Тој нагласи дека ПР агенциите, компаниите и јавните институции секогаш ќе бараат начин за поголем досег и поголема публика за својата порака.

– Медиумите треба да бидат поддршка и сојузник со цел да се најдат добри ПР практики и истовремено задржување на медиумските стандарди и пракси, нагласи Кордалов.

Тој на дебатата наведе и негови дилеми, односно дали компаниите ќе имаат интерес да се рекламираат под услови на стриктно двоење од мејнстрим статиите и објавите, посочувајќи дека дилемата е заради многу помалиот досег и влијание, односно доверба кој би го имале таквите категории.

Кордалов, исто така запраша дали буџетот за рекламирање ако се раздвојат агенциите, односно компаниите и медиумите нема тогаш да се одлее во огромна мера кон социјалните медиуми и платеното рекламирање на FB, Instagram, Google…

– Верувам дека ваквиот пристап ќе придонесе кон создавање на позитивни практики и градење на взаемна здрава и партнерска врска меѓу медиумите и приватниот сектор, јавните институции и политиката, рече Кордалов.

Пи-ар професионалецот Гоце Пачемски, истакна дека добриот пи-ар е невидлив и оти добриот пи-ар се обидува да ги доближи интересите на клиентот до јавниот интерес.

– Добриот пи-ар и професионалните медиуми се обидуваат да се доближат до истата цел а тоа е јавниот интерес. Ниту сите медиумите се грижат за јавниот интерес, се обидуваат да го следат својот комерицијален интерес, ниту сите пи-ар професионалци се обидуваат да се грижат за јавниот интерес, посочи Пачемски.

Тој потецираше дека една институција за да го изгради својот имиџ, односно репутација во јавноста, треба да најде начин да испраќа не само пропагандистичките пораки или позитивистичките пораки, туку и да ги кажува своите недостатоци на вистински начин затоа што луѓето велат „кога ќе ја признаеш грешката половина ти се проштева“

–  Значи не можете вие само со пропаганда да постигнете добар пи-ар.  Видете ги само истражувањата за јавно мислење, нивото на доверба на јавноста во институциите и ќе сфатите во што е проблемот. Затоа што мерката за успешен пи-ар е ниво на доверба на јавноста во организацијата, институцијата поради тоа што тоа ниво е во константен пад тоа значи дека не се ефикасни вложувањата на институциите во тој пи-ар, едноставно тој пи-ар не ги исполнува целите за кои е ангажиран, тоа е само пропаганда, ништо повеќе, заклучи Пачемски.

Next Post

Реставрирана улицата „Битпазарска“ и 39 излози на дуќани во Старата скопска чаршија

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk