ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗ: Нема да изостанат редовните прегледи и интервенции, клиниките со екстра болнички капацитети за лекување ковид

November 4, 2020 10:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, како што посочуваат оттаму, имаше средба со директорите на Клиниките. Обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид .

– Згрижувањето на ковид пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно одделени се деловите каде ќе се хоспитализираат ковид пациенти, од деловите за пациентите кои ќе имаат потреба од редовни прегледи или интервенции, наведуваат од Министерството.

Додаваат дека Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид пациенти, а на располагање се ставаат и останатите интерни клиники.

– Клинички центар е во мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега. Освен болнички кревети, кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински пероснал, како и распоред за дежурства како би се покриле и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од Клиниките, се вели во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека дополнително околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните Клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа.

Next Post

На вчерашната седница усвоен Предлог-законот за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, пензионерите, уметниците

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk