ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: За три години обезбедивме и прием во НАТО и поголема застапеност на жените во одбраната

November 4, 2020 20:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска попладнево учествуваше на виртуелна тркалезна министерска маса организирана од Глобалниот самит на жени посветена на положбата на жените, нивните лидерски специфики и проекти за нивна социјална и економска еднаквост со мажите, а во својот настап ја потенцирала посветеноста за зголемување на застапеноста на жените во одбраната и Армијата и постигнатиот висок резултат.

 –На чело на одбраната дојдов пред три години со јасна цел час поскоро да станеме членка на НАТО. И успеавме. Но, тоа не не спречи истовремено високо на агендата да ги ставиме родовите прашања во Министерството и во Армијата. И на оваа тема успеавме – ги сменивме сфаќањата дека Армијата е терен само на мажите, подвлече министерката.

Шекеринска додаде дека присуството на повеќе жени во Армијата и во одбраната е порака дека се сменети работите и дека жените имаат што да придонесат во безбедноста.

-Процентот на жени во Армијата е во постојан пораст, за трипати го зголемивме бројот на жени полковнички, и се гордееме што бројот на жени на раководни места во одбраната го зголемивме од 32 на 58 проценти, а на кадетките во Воената академија од 23 на 48 проценти, истакна Шекеринска.

Конференцијата ја отвори претседателката на Глобалниот самит за жени Ирена Нативидад, а на виртуелната маса учествуваат високи владини претставнички од повеќе од 20 земји и од Обединетите Нации, и истакнати застапнички за женски права. 

Next Post

Зградата на МНР осветлена во боите на знамињата на Франција и Австрија

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk