ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ со возила ќе блокира сообраќај за да протестира против загадување

November 4, 2020 19:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

ВМРО-ДПМНЕ повторно најави протест и овој пат оставајќи ги граѓаните во прашалници и недоумица. По протестот против поскапувањето на струјата, овој пат најавија протест против загадениот воздух. Иронично или апсурдно, и овој протест ќе биде со автомобили.

Главната причина за овој протест е дивата струшка депонија, проблем кој со години ги мачи стружани. Иако минатата владеачка гарнитура не преземаше буквално ништо за дивите депонии ширум државата, сепак реши да впери прст кон оние што всушност преземаат сериозни активности околу овие проблематични теми. Во јануари оваа година Град Скопје ја презеде надлежноста на депонијата Дрисла, И го обелодени во јавност овој проблем што го генерира претходната гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Договорот за концесија потпишан од градоначалникот на ВМРО ДПМНЕ, Коце Трајановски, предвидувал постројка за индустриски и медицински отпад, постројка на селекција на отпад, нова механизација и опрема за зголемување на продуктивноста, гасна централа и прочистителна станица за контрола на отпадните води, но италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ имала и обврска да изгради нова административна зграда и како крајна цел да произведува струја од ѓубрето. Но, ништо од ова не е направено, со што, само се потврдува какви инвеститори носел ВМРО ДПМНЕ во државата и како ја загрозувале животната средина и здравјето на луѓето. Прво избрале компанија во крајно сомнителен тендер, а потоа му дозволиле на концесионерот да ја води играта без да следат и да реагираат на фирмата од Италија која не исполувала ништо од договореното.“ –истакна во јануари Васко Лазаревски, советник во Советот на Град Скопје.

Под новото раководство, ЈП депонија Дрисла-Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет.

Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето.

Во теков на минатава година беа реализирани и четири од вкупно пет планирани извози на опасниот отпад од ОХИС. На почетокот на октомври комплетно беше завршена и постапката за извоз и безбедно транспортирање и на 13 тони од опасниот винил хлорид мономер, кој замина на уништување во инсенератор во Германија. Последните 10 тони различен хемиски отпад од ОХИС ќе бидат пратени на уништување во инсенератор во Лион, Франција.

Ова се само дел од активностите кои Владата ги презема за подобрување на стандардот на животната средина, истовремено носејќи нови економски и здравствени мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, и решавање на проблемот со загадувањето.

Иако експертите потенцираат дека автомобилите дополнително придонесуваат за аерозагадувањето, кое пак за жал, многу му помага на вирусот Ковид-19 да се всели во човековиот организам и директно да го нападне респираторниот систем, ДПМНЕ е решено да го изрази својот револт и покрај тоа што нивната апсурдна одлука во вакви вонредни времиња, повторно ќе биде на штета на граѓаните.

Прашањето е, дали скапите автомобили со кои до сега парадираа членовите на ДПМНЕ помалку го загадуваат и онака веќе загадениот воздух, или ова се само неуспешни обиди на Мицкоски и неговата компанија да го одвратат вниманието на јавноста од фактот дека токму неговата партија, за време на нивното владеење дозволи масовна сеча на и онака недоволното зеленило во градот, остварувајќи го криминалниот проект Скопје 2014, додека урбаната мафија под нивен надзор масовно го бетонираше секое парче зеленило, не грижејќи се за последиците на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните.

Со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ досега протестираше против поскапувањето на струјата, криминалот, прогонот, корупцијата, неправдите, а сега и загадувањето, односно последиците од нивното 11-годишно владеење, граѓаните остануваат да се запрашаат дали на ДПМНЕ ќе му текне да протестира и за намалување на цените на горивата, за да можат полесно да парадираат во своите скапи автомобили, бидејќи очигледно е дека тоа е единствената точка на нивната „набиена“ агенда.

Д. Е.

Next Post

Во светот има четири бои на пасоши

НАЈНОВО

Ахмети по повод Охридскиот договор: Јас и Албанците, вчера, денес и утре, се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

August 12, 2025

Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk