ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Кривична пријава против четири члена на ДИК и управител и сопственик на правно лице

November 5, 2020 11:18
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривична пријава против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице е поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство за гоненење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава  поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки“, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице, информираат од МВР.

Оттаму наведуваат дека во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната изборна комисија, осомничените како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок.

„Исто така, не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот, како и да утврдат дека Извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на Правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка. Воедно, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка била направена во консултации со учесник во постапката, спротивно од Законот за јавни набавки, со што за две правни лица била прибавена корист – право да учествуваат во постапката за јавна набавка и да склучат договор за истата. Со извршените дејствија е овозможено правните лица да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 899.999,00 денари, како и износ од 349.500,00 денари.
Заради непречено водење на кривичната постапка, надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје, согласно член 146 ст.1 т.1, 2, 3 и 7 од Законот за кривична постапка, поднесе предлог за определување на следните мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забарана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.“, наведуваат од МВР

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ го објави целиот закон: Ова ќе беа придобивките за семејствата од Законот за Кочани кој ВМРО-ДПМНЕ го одби

May 15, 2025

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта пристигна во Скопје, пречекан од министерот за европски прашања Муртезани

May 15, 2025

Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk