ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Од денеска судските такси се намалени до осум пати

November 5, 2020 11:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска во сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.

-Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција.

Свесни бевме, додаде тој, дека судските такси беа високи, а луѓето на кои им беше потребна правда, многу пати се откажуваа да ја бараат во судниците. – Тоа сега се надевам ќе се промени, бидејќи правдата станува подостапна за сите, рече Маричиќ.

На прес-конференцијата министерот за правда посочи  пример како би изледало тоа во пракса. Имено, ако се тужи осигурителна компанија за надомест на штета во вредност од три милиони денари, судската такса која треба да се плати е два отсто од вредноста на спорот. Значи, посочи Маричиќ, во овој случај граѓанинот ќе требаше за судски такси да го даде максималниот изност од 48.000 денари. Сега според донесените измени давачката ќе биде само 6.000 денари, односно осум пати помалку.

-Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор ќе платевте вкупно 288.000 денари (тужба два отсто, одлука два отсто, жалба четири отсто, ревизија четири отсто). По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36.000 денари или 252.000 помалку. доколку се жалите, појасни министерот за правда.

Тој посочи и еден пример кога се работи за долг од 15.000 илјади евра или околу 930.000 илјади денари. -Почнувате парнична постапка на суд, а судската такса е 2 отсто од вредноста на спорот. По старата такса, треба да платите 18.600 денари судска такса. По новата, ќе платите само 6.000 денари, појасни министерот.

Очекуваме , додаде Маричиќ, ваквите промени да бидет во интерес и на адвокатите и вештаците, бидејќи граѓаните ќе бидат охрабрени по судски пат да стигнат до правдата.

-Овие промени кои ги направивме во поширока смисла на толкување се и во духот на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата. Воедно, согласно „Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024” еден од клучните стратешки приоритети е обезбедување на Функционална правна држава според која меѓудругото е потенцирано дека „Граѓаните  во Република Северна Македонија честопати се откажуваат од судска заштита на своите права заради високите судски такси. Ќе ги намалиме судските такси, бидејќи високите судски такси ја прават правдата недостапна за граѓаните.“.. ова ветување веќе го исполнивме, истакна Маричиќ.

Тој истакна дека и во година кога светот и нашата земја се борат со глобалната пандемија на коронавирусот, а здравствениот систем е исправен над најголемиот предизвик во историјата на земјата, Владата продолжува и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните.

-Министерството за правда и јас како министер и во наредниот период ќе продолжиме да работиме за остварување на тоа што ви го ветивме, правда достапна за секого и правна држава во која сите ќе бидеме еднакви пред законите, рече министерот Маричиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Индија им понуди на САД договор со „практично нула царини“ за широк спектар на американски стоки

May 15, 2025

Фахретин Алтун: Ердоган ќе му пренесе на Зеленски дека без одлагање треба да има прекин на огнот

May 15, 2025

Турција воведува казна за патниците кои се туркаат кон излезот на авионот

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk