ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рекордна бројка од 661 заболен од Ковид-19 во Косово, во Албанија за првпат над 400 новозаразени

November 5, 2020 18:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН

Во Косово вчера се извршени 1.617 тестови со методот РТ-ПЦР, при што е регистрирана рекордна бројка од 661 новозаболен од Ковид-19 во еден ден, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што објави попладнево Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), бројката на заразени од коронавирусот од почетокот на пандемијата достигна до 22.206 од вкупно 102.012 лица кои се тестирани поради сомневање дека се заразени.

Според редовниот 24-часовен извештај на ИКШПК, вчера починале шестмина од заболените, со што вкупниот број на жртви на пандемијата се искачи на 720.

Како излекувани вчера се евидентирани 92 пациенти, а од почетокот на епидемијата болеста досега ја совладале 15.921 лице.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 5.565 активни заболени. 

Се влошува епидемиолошката состојба и во Албанија, каде денеска за првпат бројот на новозаразени ја надмина бројката од 400.

-Регистран е нов негативен рекорд на инфицирани со коронавирус. Во изминатите 24 часа од направените 1.744 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 421 лице што е 24,1 отсто. Во исто време починаа седум паценти или 543, а досега се оздравени 118 лица, со што бројката на оние кои го победија опасниот вирус се зголеми на 11.696, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита апелирајќи за строго почитување на мерките за заштита.

Од почетокот на март кога беа регистрирани првите случаи до сега направени се 133.291 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.721 лице, оздравеле 11.696 ,додека активни на болеста се 10.482, од нив 346 се хопситализирани во трите ковид болници.

Поради заразени судии и друг персонал, по Каваја, Драч и Тирана од денеска затворен е и судот во Валона. Не работат и градинки во повеќе градови, одделенето за катастар во Елбасан, а заразени има и меѓу наставниот кадар.

Next Post

Повторно четирицифренa бројкa на заболени, 1275 нови случаи, починати 13 лица, оздравени 502 пациенти

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk