Келнерка од Њујорк, открива кој од познатите лица во САД е најдобар, а кој најлош и најскржав муштеријa.
Како вработена во познат елитен ресторан, Лора Месробијан имала чест да прими нарачки од голем број познати личности, и како што вели, непријатно е сознанието дека некој што скоро и го обожаваш, „не сака да пушти срце“ за бакшиш… Не кажува конкретно кој е тоа, но во своите Тик-Ток видеа, девојката говори за Џејк Џиленхол, Грета Гервиг, Глен Клоуз.
https://www.tiktok.com/@lauramesrob/video/6883688366416694533?sender_device=pc&sender_web_id=6891625703948453381&is_from_webapp=1
– Џејк е плачко-муштерија. Постојано негодува за нешто, а и никогаш не плати кога беше на вечера со пријателите, раскажува Лора.
Првото нејзино видео собра скоро 100.000 прегледи. Потоа таа говореше и за глумицата Грета Гервиг. – Со неа, тотално, би се забавувала цела вечер. Се радував на нејзиното присуство, вели Лора.
Но, партнерот на Гервиг – Ноа Бомбак, не ѝ бил толку забавен на келнерката.
Потоа, девојката која на Тик-Ток платформата се потпишува како @lauramesrob, говореше и за Џулијан Мур и Френсис Мекдорманд.
https://www.tiktok.com/@lauramesrob/video/6888418561333759238?sender_device=pc&sender_web_id=6891625703948453381&is_from_webapp=1
Ј. Ѓ.