ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Колекција на познатиот француски бренд Кензо инспирирана од „Медена земја“

November 5, 2020 20:20
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, МОДА, СВЕТ

Светски познатата модна куќа Кензо на овогодинешната Париска недела на модата се претстави со колекција инспирирана од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Колекцијата на Кензо за пролет-лето 2021 е креирана од дизајнерот Фелипе Оливеира Баптиста, кому ова му е втора колекција за оваа модна куќа. Баптиста за Vogue и WWD изјавил дека голем дел од инспирацијата црпел од „Медена земја“, документарен филм кој е дело на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, и ја раскажува приказната за пчеларката Атиџе Муратова која живее во рурална Македонија.

Главната цел на филмот е да се прикаже контрастот помеѓу Атиџе, пчеларка која ги почитува правилата на природата, и зема од медот само онолку колку што ѝ е потребно да преживее, и нејзините соседи кои ги исцрпуваат природните ресурси за личен профит, и со тоа ги убиваат пчелите и го нарушуваат екосистемот.

„Тоа е една од најстарите релации помеѓу човекот и природата. Сакав да креирам нешто што ќе ја опише кревкоста на ситуацијата во која се наоѓаме. Светот плаче.“ – изјавил Оливеира Баптиста за Vogue, повикувајќи се на пчеларството и на климатска криза со која се соочува светот.

На Париската модна недела колекцијата беше претставена на ревија на отворено, почитувајќи ги сите мерки за социјално дистанцирање наложени од новата вонредна состојба на пандемија. Овие протоколи, односно маските кои станаа дел од нашето секојдневие се уште еден фактор кој го инспирирал Баптиста.

Во време на пандемија кога се навикнавме да носиме заштита на лицето, дизајнерот разгледувал фотографии од пчелари и бил инспириран од „меката заштита“ што ја даваат нивните превези.

Баптиста сакал да ја интегрира својата работа со хармоничните и оптимистички аспекти на природата, теми кои се исто така клучни за Кензо. Тој строго користи пластика што може да се рециклира, работи со WWF за удвојување на глобалното население на тигри (заштитен знак на Кензо) и има голем број други еколошко-свесни проекти.

Но, наместо нежно, како што наложува модниот свет, дизајнерот сакал неговата колекција да погоди очигледен нерв во време кога природата се спротивставува, возвраќајќи ни со иста мера со која ние ја третираме. „Не знаеме ни од што да се плашиме и во што да веруваме. Целата идеја за заштита станува апстрактна“, изјавил Баптиста, сумирајќи го широкиот спектар на социополитичките проблеми со кои се соочува светот.

Покрај впечатливите пчеларски шапки и комбинациите за „стилски пчелари“, колекцијата содржи колоритни креации и облека со цветен дезен, лесни палта и шарени фустани. Но сепак, цветните принтови од архивите на Кензо, во оваа колекција се избледени за да изгледаат клинички и нејасни, предизвикувајќи ефект на замаглен поглед низ прозорец на дожд, како слика која се доживува кога сте затворени дома и изолирани од светот. Стилските палта имаат мултифункционални џебови кои може да завиткаат палтото и да го трансформираат во торба за ѓубре. На дно на тркалезните кожни чанти излегува посебна џиновска торба за шопинг.

Баптиста изјавил дека сликата на пчелар му дошла во моментот во кој човештвото преговара со екосистемот. Иако новата состојба предизвикува страв и вознемиреност, тој вели дека со оваа колекција сака да оди на едно повисоко ниво, каде се сонува за оптимизам и иднина, и се навраќа кон работите кои ни недостасуваат.

И.Е.

 

Next Post

Велешанец се обидел да си ја убие сопругата, го спречила нивната ќерка

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk