ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стевановиќ: Недостигот на медицински кадар отсекогаш бил проблем

November 6, 2020 16:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

-Никогаш нема да бидеме задоволни од бројот на персонал во ваква криза. Секогаш се добредојдени плус две раце. Уморни сме, ни требаат дополнителни луѓе, секогаш ќе бидат добредојдени. Недостатокот на медицински кадар како во цел свет така и кај нас и во криза и вонкриза бил проблем. Ние максимално се трудиме, секој еден од нас кој работи во болниците да го дадеме својот максимум независно на која позиција работиме. Од исклучително големо значење е  хигиеничарот во нашата клиника, транспортерот и болничарот, медицинските  сестри, како и одделенските сестри кои го организираат процесот до секој еден од најмлад до најстар лекар кој го има своја  функција во работењето и навистина го дава својот максимум во својата работа, нагласи директорката на Клиниката за инфективни состојби и фибрилни состојби, Милена Стевановиќ.

На новинарско прашање во однос на отказите на трите медицински сестри од Инфективната клиника, за кои се пишуваше на социјалните мрежи, Стевановиќ потенцираше оти не гледа зошто е толку вознемирувачка атмосфера ако одредена медицинска сестра замине и продолжи да работи на друго место.

– Во меѓувреме, имавме навистина голем број на медицински сестри кои направија трансфер на Клиниката и се вработија на Клиниката токму сега во ова најтешко време.  Колешките имаа време и простор да размислат и да одлучат каде ќе работат како секој еден од нас. Јас сум им многу благодарна на сите кои сериозно време поминаа, кои помагаа и работеа интензивно во болницата додека трае оваа КОВИД-криза и одлучија да го сменат своето работно место. Тоа го направија.  Навистина, секој работник има свое работничко право да одлучи кога ќе го прекине работниот однос и каде тој ќе го продолжи, истакна директорката на Инфективна клиника.

Во однос наводите што се пишуваа на социјалните мрежи, дека за одредени пациенти се бара посебен третман, меѓу кои и за претседателот на Собранието Талат Џафери, Стевановиќ истакна дека тоа е апсолутно  невистина.

– Посебно пациентот кој е споменуван беше исклучително дисциплиниран пациент кој никогаш ништо повеќе не побарал од она што е нега и третман какви што ги имаат сите останати пациенти. Сметам дека вакви коментари на индивидуалци кои секогаш се можат да напишат на социјалните мрежи е навистина непотребно да се коментираат, рече Стевановиќ.

Next Post

Царовска: Со планско градење и инвестиции обезбедуваме пристап до образование на секое дете

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk