ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИФИМЕС: Бугарија не смее да биде центар за „заверување“ на идентитетот на Македонците и македонскиот јазик

Незамисливо е во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, да ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ, се наведува во дел од анализата на ИФИМЕС

November 7, 2020 13:38
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сегашните бугарски власти сакаат да го „заверат“ идентитетот на Македонците и македонскиот јазик, затоа пласираат неверодостојни податоци дека Македонците се со бугарско потекло и дека Република Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени. Незамисливо е во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, да ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ, се наведува во дел од анализата на ИФИМЕС – Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии со седиште во Љубљана, Словенија, кој редовно ги анализира случувањата на Блискиот исток и на Балканот.

Во анализата се споредува дека Србите и Црногорците, двата претежно православни народи, кои се етнички поблиски по идентитет и јазик од Бугарите и Македонците, не се оспоруваат меѓусебно за етничката припадност, националниот идентитет и јазикот.

Аналитичарите сметаат дека Бугарија не може и не смее да биде т.н. Центар за сертифицирање на идентитетот на Македонците и македонскиот јазик, потсетувајќи дека Македонците се споменуваат како библиски народ (2 Мкб 8:20; 2 Кор 9: 2; 2 Кор 9: 4) и може да се постави обратното прашање, дали Бугарите настанале од Македонци, односно ако Македонците се Бугари, зошто Бугарите не би биле Македонци?

Аналитичарите сметаат дека барањето на Бугарија, Република Северна Македонија да се откаже од постоењето на етнички Македонци што живеат во Бугарија е „врв на ледениот брег“, токму затоа што Бугарија прикрива и врши силен притисок врз етничките Македонци во Бугарија да се декларираат како Бугари. Се проценува дека бројот на етнички Македонци што живеат во Бугарија е околу 10% од вкупното население на Бугарија. Бугарија има децениско докажано искуство во прикривање на бројот на етнички малцинства, а тоа особено се однесуваше на бројот на Турците во Бугарија и нивната присилна асимилација преку промена на идентитетот и името и силниот притисок да се изјаснат како етнички Бугари. Постојат многу докази за ова од домашните и меѓународните организации за кршење на човековите права Бугарските Турци беа лишени од своите права преку политика на присилна асимилација и масовно протерување во 1980-тите, под режимот на комунистичкиот диктатор Тодор Живков. Околу 340.000 етнички Турци емигрирале во Турција, а тоа било етничко чистење, а не доброволно заминување, како што беше презентирано во тоа време.

Бугарскиот и македонскиот се два различни јазика, кои мора да бидат преведени во меѓусебна комуникација, за разлика од српскиот и хрватскиот јазик, за чие разбирање не е потребен превод во комуникацијата. Сите овие јазици спаѓаат во индоевропската група на јазици и не би било изненадувачки за Бугарија да започне процес на „сертифицирање“ на индоевропски јазици?

Аналитичарите на ИФИС сметаат дека ако Бугарија навистина чувствува  припадност и посветеност кон ЕУ и вредностите на ЕУ, треба да работи на афирмација на Македонците што живеат во Бугарија, за кои се проценува дека сочинуваат 10% од вкупното население и македонскиот јазик и на нови европски перспективи на Бугарите и Македонците и другите етнички заедници кои живеат во двете земји.

„Сè друго го покренува прашањето што прави Бугарија во ЕУ, Советот на Европа (СЕ) и другите меѓународни организации, кои ги застапуваат и кодифицираат правата на етничките малцинства како еден од столбовите и основните вредности на современите општества. Бугарија стана членка на ЕУ во 2007 година само благодарение на компромисот и останува под стандардите на ЕУ.“ се вели во извештајот на ИФИМЕС.

Ј. Ѓ.

Next Post

Сугарески: Нема да дозволиме да ни биде одземена националната гордост - сме биле, сме и ќе останеме Македонци кои зборуваат македонски јазик

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk