ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Барањето на Мицкоски не е за Влада за национален спас, туку Влада за спас на неговата фотелја во белата палата

November 9, 2020 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНИСЛАВ ЃОРЃЕВСКИ

Откако стана претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, чести беа ситуациите во кои јавноста можеше да ја види политичката кусогледост и аматеризам на Христијан Мицкоски.

Како што минуваа изборните циклуси, како се редеа неговите порази стануваше сé појасно дека Мицкоски нема капацитет да води политичка партија и дека неговиот мандат во белиот дворец е привремен, минат во надеж дека еден ден неговиот ментор од Будимпешта ќе дојде во Скопје и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Но последнава недела дури и на оние најоптимистите кога капацитетите на Мицкоски се во прашање им стана јасно дека неговиот политички компас покажува единствено на оската Будимпешта – Машински факултет.

Во еден ист ден Мицкоски изјави дека сега не е време за предвремени локални избори во Штип и Пласница, за веднаш потоа, во следната реченица да побара предвремени парламентарни избори кои би ги организирала таканаречена Влада за национален спас.

Наводно загрижен за здравјето на граѓаните, ваквите ставови Мицкоски ги испорача помеѓу два собира на ВМРО-ДПМНЕ на кои се кршат сите мерки за заштита од коронавирусот и на кои во последно време ниту самиот не се појавува и меѓу два партиски состаноци на кои неговите пулени одржуваат средби прегрнати од дваесеттина членови и членки на одредени општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

А во суштина Мицкоски е загрижен само за својата фотелја во квази барокното седиште на партијата. Од денот кога ги загуби изборите тој прави сé за што подолго да ја грее фотелјата на неговиот ментор од Будимпешта.

Откако увиде дека таканаречените „протести и маршови“ се слабо посетени, реши истите да ги „моторизира“ па неговите приврзаници излегоа со возен парк многу поблизок до, на пример, фудбалери на реномиран премиерлигаш, отколку на семејства кои не можат да платат сметка за струја, па и откако тоа пропадна, на крајот да побара формирање на Влада за национален спас.

И да беше сето тоа во други околности можеби и ќе беше разбирливо, но фактот што тоа го бара по само три до четири месеци по избори кои ги изгубил и кога има формирано влада и стабилно парламентарно мнозинство, зборува за очајот во кој е западнат Мицкоски.

Да, нему му е потребно да биде дел од Владата, но таа Влада нема да ја спасува нацијата, туку неговата фотелја во белиот дворец. Нему му е потребно да биде дел од Владата за да има некој нов Наќе Чулев кој ќе ги поттикнува граѓаните да ги кршат мерките за заштита, потребна му е нова Гордана Кочовска Димитриеска која ќе блокира пари за опремувања болници и некоја нова Рашела Мизрахи која од министерска позиција ќе го крши Уставот. А во меѓувреме Мицкоски да стои отстрана и да глуми загриженост за здравјето додека ги крши протоколите и мерките за зашита од коронавирусот.

За жал на Мицкоски, но за среќа на сите граѓани, проекциите на тој филм завршија на 15 јули, а следни проекции не се закажани во следните четири години.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Вмровски меѓународни скараџии

НАЈНОВО

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk