ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија од самитот во Софија очекува сериозна поддршка за одржување на меѓувладината конференција

November 9, 2020 14:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев очекува од утрешниот самит во Софија уште еднаш да биде испратена пораката за отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија.

-Утре очекувам сериозна поддршка за европскиот пат на сите шест земји членки од Западен Балкан кои сме кандидати и сакаме да бидеме побрзо полноправни членки на ЕУ. И секако очекувам дека Берлинскиот самит утре ќе ја испрати уште еднаш пораката на почеток на преговорите односно отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија, истакна Заев.

Премиерот на Северна Македонија во обраќањето по потпишувањето на Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 со Албанија и Србија истакна дека целта е да се олесни животот на нашите граѓани и да се постават основи за економско закрепнување.

Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 го потпишаа премиерите на трите земји Зоран Заев, Ана Брнабиќ и Еди Рама. Оваа идеја произлезе од состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Рама и е иницијатива за напредна соработка која е целосно компатабилна со Берлинскиот процес. Албанија и Србија во рамките на истиот настан потпишаа и и билатерален договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

– Со Софискиот самит, кој почнува утре, почнува една нова фаза на нашата тесна соработка и Косово ќе се приклучи на иницијативата. Посакувам исто така и другите земји од западнобалканската заедница да се приклучат дефинитивно за да можеме сите заедно да работиме кон подобра иднина и истовремено многу е важно утре на Софискиот самит да ја повториме нашата посветеност нан проширување на зелената зона кон европските земји и во однос на нашиот заеднички став во однос на ЕУ во однос на новиот зелен договор што сите го прифаќаме. Меѓутоа истовремено да им укажеме на нашите пријатели, колеги од ЕУ, дека на Балканот му треба поголема поддршка заради тоа што тоа е навистина огромен чекор што сите сакаме да го преземеме. Затоа без сомнение потребна ни е поддршката што е од суштинско значење, рече албанскиот премиер Рама.

Несомнено е, потенцираше тој, дека не постои друг пат, друга можност за подобра идина од отворени разговори, комуникација, размена на ставови и да се согласиме или да не се согласиме кога уште не сме постигнале договор, меѓутоа секогаш да гледаме едни на други како земји што се ориентирани кон иднината. Тоа е она што го постигнавме денес и што ќе правиме утре и врз основа на тоа историјата ќе ни суди.

-Се надевам утре на Софискиот самит ќе имаме плодна дискусија со нашите европски пријатели и партнери. Свесни сме за тоа дека Европа кога го проценува нашиот напредок се повеќе во светло на динамиката на земјите во Европа и други места отколку од аспект на постигнување на целите, меѓутоа не постои друг начин освен да се избориме на тој пат да станеме членки и да ја зајакнеме соработката и да докажеме како балканска заедница дека припаѓаме во Европа, рече албанскиот премиер Рама.

Next Post

Захариева вели бугарските услови кон Македонија не се сменети со години, Османи оптимист

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk