ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Усвоен Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

November 9, 2020 20:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Фото: илустрација

Фото: илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

На денешната 18-та седница на Влада, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, е усвоен Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој се овозможува сеопфатен пристап и одговор во справувањето со насилство врз жената и семејното насилство, почитувајќи ги човековите права во согласност со меѓународните стандарди.

– Со овој закон се уредуваат превенцијата и мерките за заштита  од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово базирано насилство и семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, соопштија од владината прес-служба.

Имено, на денешната седница Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за згрижување на  семејствата од импровизирани живеалишта во објекти на установи за социјална заштита, при што се задолжува Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, да донесе решение за сместување, во објект  што ги користи ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје.

– Се укажува на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје со своите стручни тимови да обезбеди поддршка на сместените семејства во насока на остварување на правата од социјална и здравствена заштита, односно за вклучување на пазарот на труд и осамостојување, и еднаш месечно да ја преиспитува семејната и материјалната состојба и станбените услови на сместените семејства, со укажување еднаш месечно да  доставува извештај за сместените лица до Министерство за труд и социјална политика (до 5-ти во месецот за претходниот месец). Се укажува на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје ги преземе неопходните активности за санирање на направените штети заради обезбедување на основни услови за престој во објектот, информираа од владината прес-служба.

Од владината прес-служба посочија дека се препорачува Градот Скопје и локалните самоуправи согласно своите надлежности да преземат активности за обезбедувањето на услови за домување на лицата во социјален ризик сместени во објектот ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје, со оглед на тоа што проблемот со домувањето е клучен за решавање на нивната состојба.

– Се препорачува Градот Скопје и локалните самоуправи согласно своите надлежности, а преку инспекциските служби редовно да реализираат активности за дислоцирање на бесправно населени лица на јавни површини и средување на истиот простор како би се спречило ширење на таквата појава, наведоа од владината прес-служба.

Владата го разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, заради усогласување со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците, при што измената се однесува на воведување на постапката за опомена  и намалување на глобите за физички и правни лица, согласно Законот за прекршоците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk